Во вториот круг на претседателските избори во Романија одат Јоанис и Данчила

Претседателот во заминување Клаус Јоанис победи на првите претседателски избори во Романија и ќе се соочи со социјалдемократот Виорика Данчила во вториот круг , покажуваат излезните анкети од денешните избори.

Вториот круг од изборите ќе се одржат на 24 ноември. Романските медиуми известуваат за резултатите од излезната анкета според која актуелниот претседател Јоанис доби 39%, а Данчила 22,5% од гласовите.

Анкетите претходно ја предвидуваа победата на 60-годишниот Јоанис, централно-десничарски политичар, поранешен професор по физика и член на германското малцинство, кој ги поддржува европските вредности.

Данчила е поранешен премиер од редовите на социјалдемократите, која неодамна беше соборена од парламентот и критичарите ја сметаат за марионета на Ливио Драгне, најмоќниот човек во својата партија, кој заврши во затвор во мај поради корупција.

Зад Јоанис и Данчила е Дан Барна, лидер на младата проевропска партија Алијанса за спас на Романија, со 16,4 проценти, и поранешниот актер Мирчеа Дијакону со 7,9 проценти, покажуваат излезните анкети.

Податоците од Изборната комисија покажуваат дека 48% од гласачите излегле на изборите, со рекорден одѕив на дијаспората, чии резултати не влегуваат во излезните анкети.

Двајца премиерлигаши уапсени поради силување

Англиските медиуми објавија вознемирувачки вести. Двајца 19-годишници, кои се професионални фудбалери во Премиер лигата, се уапсени поради обвинение за силување минатиот викенд, а информацијата ја потврдија од англиската полиција.

Не е наведено во која екипа настапуваат фудбалерите, ниту е познат нивниот идентитет, но познато е дека и двајцата играат за истиот тим кој се натпреварува во елитното ниво на англискиот фудбал.

Според британски „Телеграф“, еден од играчите бил сослушан на клупскиот стадион, додека другиот е приведен бидејќи е осомничен дека помагал во извршување на кривично дело.

Сексуалниот напад за кој се обвинети фудбалерите се случил во петокот, а жртвата веднаш се јавила во полиција, а неколку часа подоцна поднела официјална пријава.

Се наведува дека клубот нема дополнително да коментира и дека работата е во рацете на полицијата.

Ова не е прв пат да се случи ваква ситуација во Премиер лигата. Претходно беа покренати обвиненија против Мејсон Гринвуд и Бенџамин Менди, но на крајот ниту еден од двајцата фудбалери не беше осуден. /МИА

Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во втората половина од ноќта ќе има зголемување на облачноста и на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени Целзиусови.

И во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во втората половина од ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има повремени врнежите од дожд, а на планините повремен снег. Локално врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната од 5 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Повеќе скопски села и населби утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од селата Визбегово, Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.

Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот утре ќе бидат корисниците од улица „Кавалска“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците на патот за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од црлвата „Св.Петар и Павле“ по патот кон Долно Лисиче во општина Аеродром.

Без струја утре од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „4031“ во село Марино, општина Илинден, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од булевар „Борис Трајковски“, од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сандево, Бањане, Горњане, дел од Мирковци, а од 13:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.

притисни ентер