Две ,,пијавици” се појавија во Јадранското Море (ВИДЕО)

Во Далмација , во Каштеланскиот залив се појавија две т.н. пијавици во морето.

Нестабилното време во Хрватска донесе со себе интересни метеоролошки појави, како и денеска.

Во Далмација деновиве има големи температурни разлики, така што на планината Динара температурата на воздухот беше 0 степени и падна снег, додека јужно од Макарска температурите беа до 20 степени Целзиусови.

Порталот Далмација денес известува дека денеска се појавиле две ,,пијавици” над Каштеланскиот залив во Јадранското море . Првата се појавила околу 10:30 часот претпладнево, а втората десетина минути подоцна.


Лукаревска со граѓаните во општина Бутел: Дури и во криза не баравме изговори- градиме, ги поддржуваме бизнисите, младите,парите ги враќаме кај граѓаните

Со граѓаните на општина Бутел носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска, разговараше за приоритетните комунални прашања, за поддршата на бизнис секторот, за можностите на младите, соопштуваат од СДСМ.

-Дури и во криза не баравме изговори, градиме, ги поддржуваме бизнисите да ја преживеат здравствената криза и да ги зачуват работните места, парите ги враќаме кај граѓанитте. Посетив компанија која е корисник на правото за добивање на финансиски средства за исплата на плата за вработени. Финансиската поддршка за исплата на минимална плата им помага на компаниите во време на тешката глобална здравствено - економска криза да ги зачувува работните места. За месец мај околу 21 илјади компании и 5 800 самостојни вршители на дејност се корисници на финансиката поддршка за исплата на плати. Заедно ги надминуваме економските последици од Covid-19. За тие на кои најмногу им се потребни, обезбедивме финансиска поддршка преку платежни картички. Покажавме дека се грижиме за сите граѓаните. Започнавме да градиме силна држава еднаква за сите.

-Младите се охрабрени од активните младински политики и од предложените мерки, со што ќе создадеме уште по поволен амбиент за нивно напредување.Ќе донесеме Закон за младинска гаранција со што ќе се институционализира оваа форма на поддршка на младите до вработување.Ќе формираме фонд за стипендирање на млади луѓе за потребите на занаетчиството. Во поранешното „Македонско село" кое сега е сопственост на државата, ќе формираме „Старт-ап село" („Start-Up Village. Ќе продолжиме и со решавање на комуналните прашања на граѓаните. Нашиот фокус го насочуваме кон изградба на нови 500 километри водовод и канализација, за што ќе обезбедиме 100 милиони евра за сите општини. Ќе изградиме 950 километри локални патишта, 777 социјални станбени единици, се обврзуваме дека ќе продолжиме напред со засилено темпо, со главен фокус на граѓаните.

Заев од Крива Паланка: Ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО, со обезбеден идентитет, со признат јазик, тоа е вистински патриотизам тоа е вистински успех

Ја исполнивме првата стратешка цел, членство во НАТО, ја остваруваме и втората со почеток на преговори за членство во ЕУ и нема да дозволиме да се враќаме назад во изолација.

Ова го порача вечерва од граѓанската трибина во Крива Паланка, претседателот на СДСМ и носител на изборната листа во ИЕ 4, Зоран Заев.

- Денеска имаме имотен лист, имаме обезбедени граници и загарантирана безбедност со членството во НАТО. Денес нашиот идентитет е загарантиран, нашиот јазик е признаен од сите, последен доказ за тоа е потврдата од ЕУ, целото законодавство на Унијата ќе биде преведено на македонски јазик. Тоа е првиот чекор во станувањето на македонскиот јазик како еден од јазиците на Европската Унија. Ова е шанса ова е можност да си го јакнеме македонскиот идентитет, сите да знаат и за Македонецот и за македонскиот јазик. Тоа е успех, тоа е патриотизам, посочи претседателот Заев.

Јелена и Новак Ѓоковиќ скршени од болка : Засекогаш ќе бидеш во моето срце

Јелена и Новак Ѓоковиќ се скрпени од болка поради смртта на нивното сакано куче Тесла.

Сопругата на Новак Ѓoковиќ објави фотографија од Тесла на Инстаграм, како и облак во форма на куче.

„Моето малечко, среќен ти роденден . Засекогаш ќе бидеш во моето срце и ти благодарам што одвои парче од мене каде што припаѓаме сите“, напиша Јелена.

И Новак наскоро се огласи, коментирајќи ја својата објава со многу срца и тажни емотикони. Кучето Тесла со брачниот пар Ѓоковиќ живеело со години.

притисни ентер