Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во официјална посета на Грција

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Атина во дводневна официјална посета на Грција .

Си Џинпинг беше пречекан на атинскиот аеродром од министерот за надворешни работи Никос Дендијас.

Утре тој ќе се сретне со претседателот Прокопис Павлопулос, кој ја посети Кина минатиот мај,како и со премиерот Киријакос Мицотакис. Си и Мицотакис се запознаа пред неколку дена, на кинескиот меѓународен саем во Шангај.

Си и Мицотакис ќе го посетат пристаништето Пиреја, најголемото грчко пристаниште во сопственост на кинескиот пристанишен оператор Коско. Тоа е најголемата кинеска инвестиција во Грција и Коско неодамна го започна новиот инвестициски план што вклучува изградба на нов карго-терминал.

Си, исто така, ќе присуствува на отворањето на првата филијала на Кинеската Банка во Грција.

Двете земји ќе потпишат низа договори за економска соработка, како и договор за екстрадиција.

Во вторник, Си Џинпинг ќе го посети музејот Акропол, пред да си замине од Атина , пишува Катимерини.

Нови теренски возила за потребите на ЈП Водовод и канализација - Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје, го обнови возниот парк со теренски возила за потребите на Сектор Водовод, Сектор за експлоатација и одржувањена капацитети и дежурната служба во рамки на Дежурно Информативниот Центар. 

По обновувањето на дел од механизацијата во декември 2019, со набавка на две нови цистерни под притисок со волумен од 4м3, две цистерни под вакуум со волумен од 4м3, како и специјализирано мерно комбе - возило за испитување на дефекти на водоводната мрежа, со цел подобрување и унапредување на работниот оперативен процес, но и подобрување на условите за живот на граѓаните, како и грижата за животната средина, ЈП Водовод и канализација – Скопје, го обнови возниот парк со теренски возила за потребите на Сектор Водовод, Сектор за експлоатација и одржувањена капацитети и дежурната служба во рамки на Дежурно Информативниот Центар. Седумте теренски возила се набавени и распределени во овие сектори заради полесно извршување на теренските активности и олеснет пристап до специфичните подрачја на кои е распространета мрежата на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Неодамна, Секторот за санитарна заштита при ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја комплетираше ревитализацијата на микробиолошкиот оддел согласно европските стандарди, регулативи и директиви.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, преку имплеметација и реализација на инвестиционата програма, инвестира и во иднината на претпријатието, во олеснување на работните процеси и во подобрување и унапредување на услугите кои се во служба на корисниците и граѓаните на град Скопје.

Во Македонија има 3 569 активни случаи на ковид -19

Нови 120 случаи на ковид-19  беа регистрирани вчера од направени 1.367 тестирања во претходното деноноќие.

Пет лица починаа, од кои по двајца од Скопје и Тетово и еден од Куманово.

Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица. Со последните статистички податоци, . Се уште се активни 3.569 заразени со коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека веќе осми-деветти ден по ред паѓа факторот на преносливост, што значи дека бројот на случаи се намалува.

„Само Вистина“ вечерва со Оливер Спасовски и Владо Мисајловски

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Оливер Спасовски и Владо Мисајловски.

Драги сограѓани, полево или подесно ориентирани и вие што сте некаде на средина, предизборна „бура“ или обично „невреме“, што ветуваат политичарите во кампања, а што реализираат од „фотеља“?

Партиите продолжуваат со политички „наддавања„ а каков епилог ќе добие овој изборен процес, вечерва на политичкиот „Вембли“ гледајте го дуелот на носителите на листи од втората изборна единица Оливер Спасовски од СДСМ и Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

За Спасовски концептот „едно општество за сите“ се спроведува во пракса, но има или нема „концепт“ за размена на пратеници помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ доколку Албанец премиер се најде во средина?

Мисајловски вели дека не треба да заборавиме од каде сме и каде припаѓаме, но под кое „мото“ дејствуваа кога беа на власт ?

Ќе ни ги откријат ли СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ „црвените“ линии пред новокомпонираните желби на албанскиот блок?

Корона или вирус на корупција, а кој е македонскиот „Мерлин“, вечерва во најгледаната политичка емисија Само Вистина, Оливер Спасовски од СДСМ и Владо Мисајловски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер