15- годишниот турски фудбалер , најмлад голгетер во историјата на Европа

Младиот фудбалер Емре Демир ја испишува историјата на турскиот фудбал.

Младиот турски фудбалер, член на првотимецот Кајзериспор го постигна својот прв сениорски гол на три години пред да стане полнолетен.

Неговиот клуб беше поразен на гостувањето во Анкара од Генчербирлиги со 1: 2, но Демир постигна гол што дефинитивно ќе биде запаметен некое време. Тој не само што е најмладиот стрелец во Турција, туку и низ цела Европа.

Демир, кој има 15 години и девет месеци, го направи своето деби за сениорскиот тим на Кајзериспор во второто полувреме и постигна гол во 71. минута.

Рекордот на најмладиот стрелец на турската супер лига досега му припаѓаше на Енес Унал, кој постигна гол против Галатасарај во дресот на Бурсаспор на 25.08.2013 година. Тој во тоа време имаше 16 години.

Рекордот за најмлад стрелец во  Европа од септември го чуваше  Мејсон Гринвуд, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој постигна гол на 17-годишна возраст.

Џудо клубот „Ипон" од Скопје победник на Државното екипно првенство за сениори

Во организација на Џудо федерацијата на Македонија, а со техничка поддршка од џудо клубот „Гладијатор", денеска во Кочани се одржа државното екипно првенство во сениорска конкуренција.

Најмногу победи имаа џудистите на ЏК „Ипон" од Скопје и заслужено ги освоија златните медали и победничкиот пехар. Зад нив се пласираа членовите на ЏК „Сеишин" од Прилеп, а третото место му припадна на ЏК „Кожувчанка" од Кавадарци.

Кочани по втор пат беше домаќин на Државното екипно првенство што го отвори градоначалникопт Николчо Илијев, кој истакна дека иако џудото во овој регион од државата е релативно нова спортска вештина, сепак за краток период бележи брз напредок и кочанските џудисти веќе имаат освоено повеќе медали на домашни и меѓународни натпреварувања.

– Натпреварувачите на првенството за првпат настапија според новоусвоениот правилник кој е во согласност со барањата од Меѓународната џудо федерација. Новина е тоа што борбите се одвиваа во мешан состав, односно секоја екипа имаше по тројца натпреварувачи во женска и во машка конкуренција. Секој од нив настапи во посебна тежинска категорија, а ако некоја екипа нема комплетна екипа не може да се натпреварува, истакна Дејан Џокоски, член на натпреварувачката комисија.

Од раководството на Џудо федерацијата на Македонија оценија дека организацијата на првенството помина во најдобар ред, а Кочани нуди одлични просторни и технички услови за тренинзи и кондициска подготовка на екипите и репрезентацијата. 

Ветераните на Пирин најдобри на меѓународниот одбојкарски турнир во Струмица

Ветераните на Пирин од Разлог, Бугарија, го освоија првото место на меѓународниот одбојкарски турнир што се одржа вчера и завчера во Струмица.

 Во финалниот натпревар тие беа подобри од домаќините, ветераните на Струмица, забележувајќи победа од 2:0 во сетови.

Во натпревар за третото место ветераните на Рибница од Краљево, Србија, беа поуспешни од екипата на Тетово и славеа победа од 2:0.

Турнирот се одржува традиционално десетти пат по повод патрониот празник на Струмица „Светите петнаесет тивериполски свештеномаченици".

Организатор на турнирот се ветераните на Одбојкарскиот клуб Струмица.

Меѓународен одбојкарски турнир за ветерани во Струмица

Во Струмица почна Меѓународниот одбојкарски турнир за ветерани, што традиционално се одржува по десетти пат по повод патрониот празник на градот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици", кој се одбележува на 11 декември.

На турнирот учествуваат ветераните на екипите „Пирин" од Разлог, Бугарија, „Рибница" од Краљево, Србија, како и екипи од Тетово и Струмица.

Вчера се одиграа полуфиналните натпревари. Екипата на Пирин ги совлада ветераните на Тетово со 2:0 во сетови, а Струмица славеше против Рибница со 2:1.

Турнирот завршува вечер со одигрување на натпреварите за 3 и 4 место и финалниот натпревар кој ќе го одлучи победникот. 

притисни ентер