Тинејџер убиен во пукотница пред пицерија во Малме (ВИДЕО)

15- годишно момче е убиено во пукотница пред пицерија во центарот на шведскиот град Малме, додека уште еден негов врсник е повреден.

Од полицијата во Малме соопштија дека непознати вооружени лица отвориле оган кон пицеријата синоќа околу 21 часот.

Според очевидци, напаѓачите избегале од местото на настанот со велосипеди.

Пукањето се случило неколку минути откако експлодирала бомбата, која била поставена под автомобил на другиот крај на Малме.

Полицијата сè уште не утврдила дали двата инциденти се поврзани и сè уште не ги идентификувала осомничените во ниту еден од  случаите, пренесува АП.

22 годишен мотоциклист од Арачиново почина во судар со Ауди

Мотоциклист од Арачиново на 22 годишна возраст почина при судар со Ауди , додека неговиот 26 годишен сопатник со тешки повреди е однесен во Клиниката ,,Мајка Тереза”.

Вчера во 13.00 часот било пријавено дека во село Арачиново, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Aуди A4" со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (43) од Арачиново и мотоцикл „Jамаха" без регистарски ознаки, управуван од Х.Б. (22) од село Арачиново.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски" каде починал. Сопатникот на мотоциклот, А.С.(26) од село Арачиново, исто така, се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Во Врховниот суд на мора да има итна и неодложна ревизија на работата на судиите

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод и шеф на мафијата. Зоран Заев ја закопа правдата во Македонија,се наведува во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ. 

Заев три години кроел обвиненија и диктирал пресуди. Снимката која ја слушна јавноста покажува дека Врховен носел пресуди по "трас трас" системот на Заев, а за целиот процес запознаена била и Катица.

Одговорност за Заев мора да има. Заев мора да одговара за злоупотреба на службената положба и овластување, но не со ова обвинителство, туку со обвинителство во кое ќе бидат обвинители предложени од експертската јавност, луѓе кои уживаат кредибилитет во фелата и имаат интегритет.

Во Врховниот суд на Република Македонија мора да има итна и неодложна ревизија на работата на судиите. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребни се оставки и одговорност пред законите.

Неопходна е и итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализирање на реформите.

Македонија нема повеќе време за губење.

На 12 април следува крај на мафијата. По 12 април почнува обновата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во декември 66,1 отсто од потрошената струја од домашно производство

Во декември лани во земјава вкупно се потрошени 798.920 мегават часови електрична енергија, 32,380 милиони нормални кубни метри природен гас, 593.973 тони јаглен и 95.489 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 66,1 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 97,3 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја. 

притисни ентер