Советот на амбасадори ги поздравува залaгањата на идниот Самит да се отвори прашањето и да се додели датум за преговори

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори„ ги поздравува залагањата на наредниот самит на Европскиот Совет, Унијата повторно да го разгледува прашањето на проширување и на Македонија и Албанија им се одреди датум .

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори„ ги поздравува залагањата на европските лидери, на американскиот државен секретар Мајк Помпео, како и на политичарите од повеќе европски политички провиниенции и интелектуалци на наредниот самит на Европскиот Совет, кој ќе се одржи во март идната година, Унијата повторно да го разгледува прашањето на проширување и на Република Северна Македонија и Република Албанија им се одреди датум за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Здружението во соопштението до медиумите посебно ја поздравува подготвеноста на претседателот Емануел Макрон изразена во неговото интервју во „Тhe Economist„ дека тој е подготвен дури и на наредниот Самит да им даде зелено светло за датум за преговори на Република Северна Македонија и Република Албанија ако Унијата успее да ги направи потребните реформи и напоредно со тоа ако овие две земји-кандидатки, покажат напредок во исполнување на бараните реформи.

Советот на Амбасадори го прифаќа уверувањето дека на ЕУ и се потребни длабоки реформи со цел на нејзино поуспешно функционирање и поголем економски просперитет и е длабоко убеден дека Република Северна Македонија, како и многу пати досега ќе ги исполни потребните и барани реформи на домашен план.

Здружението „Совет на Амбасадори„ и овој пат, ги повикува земјите членки на ЕУ, посебно тие кои поради една или друга причина имале одредена резерва околу проширувањето за некоја земја кандидат, да максимално се залагаат Република Северна Македонија и Албанија добијат датум за започнување на преговорите, што несомнено ќе придонесе за стабилизација на севкупните односи не само во европскиот регион Заападен Балкан, туку и пошироко./МИА

Тајван изрази задоволство од долгоочекуваниот пакет помош од САД

Тајван изрази задоволство од пакетот помош одобрен од американскиот Конгрес, кој вклучува поддршка за островот со оружје, и покрај повиците на Кина до Вашингтон да престане да му продава оружје на Тајпеј.

САД се најважниот меѓународен поддржувач и снабдувач на оружје на Тајван и покрај недостигот на официјални дипломатски врски. Кина, која го гледа Тајван како своја територија, постојано бара да престане продажбата на оружје.

Американските сенатори одобрија со 79 „против“ и 18 гласа „против“ четирите предлог-закони усвоени од Претставничкиот дом во саботата, откако републиканските лидери во Претставничкиот дом ненадејно го сменија курсот минатата недела и гласаа за ослободување од 95 милијарди долари во главно воена помош за Украина, Израел и Тајван, како и за американски партнери во индо-пацифичкиот регион.

На состанокот со американските пратеници во посета на претседателската канцеларија во Тајпеј, тајванскиот претседател Цаи Инг-вен го одбележа усвојувањето на законите во текот на викендот. „Ние сме многу среќни што Сенатот ги усвои овие закони“, рече Цаи. /МИА

Штајнмаер во Анкара ќе се сретне со Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ќе се сретнат денеска во Анкара, јавија турските медиуми.

Штајнмаер оваа недела пристигна во посета на Турција на покана на Ердоган. Завчера тој беше во посета на Истанбул, а вчера беше во Газиантеп.

На средбата на двајцата шефови на држави во претседателската палата Бештепе денеска ќе бидат разгледани билатералните односи меѓу Турција и Германија во сите нивни аспекти и ќе се разговара за опциите за натамошен развој на соработката меѓу двете земји. Ќе се разговара за кризата во Појасот Газа и другите случувања на Блискиот Исток, војната меѓу Украина и Русија, односите меѓу Турција и Европската унија, како и други глобални и регионални прашања, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

По билатералните разговори, претседателите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Штајнмаер вчера го посети градот Газиантеп, кој беше погоден од разорните земјотреси во февруари. Тој се сретна со гувернерот на областа Кемал Чебер и со градоначалничката на градот Фатма Сахин, објави „Хуриет“. /МИА

Иран и Пакистан бараат СБ на ОН да преземе дејствија против Израел

 Иран и Пакистан го повикаа Советот за безбедност на Обединети нации да преземе акција против Израел, поради како што тврдат „незаконски“ ги нападнал соседните земји и дипломатските објекти.

- Признавајќи дека неодговорниот чин на силите на израелскиот режим претставува сериозна ескалација во и онака нестабилен регион, двете страни го повикаа СБ на ОН да го спречи авантуризмот на израелскиот режим во регионот и неговите незаконски дејствија за напад на соседите, се истакнува во заедничката изјава Иран и Пакистан.

Заедничката изјава е договорена за време на тридневната посета на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Пакистан во време на зголемени тензии во регионот на Блиски Исток. /МИА

притисни ентер