Тоа беше совршена можност да ја прими наградата од најдобрите пријатели на ТВ-екранот, Кортни Кокс и Лиза Кудроу.
Во пресрет на церемонијата на доделување на наградите, славните девојки позираа заедно на црвениот тепих, а за оваа пригода, 50-годишната Анистон избра свилен фустан со црно-бел принт, од дизајнерот Џон Галиано.
"Ние не сме единствените што знаеме дека Џенифер е неверојатна личност. Сите ја сакаме затоа што е искрена, зрачи со топлина, радост, хумор и љубов", рече Кокс.
Откако ги наведоа нејзините достигнувања, актерките ја пречекаа саканата пријателка на сцената каде одржа многу емотивен говор.
Анистон, Кокс и Кудроу ги играа Рејчел Грин, Моника Гелер и Фиби Буфај, од 1994 до 2004 година, и останаа добри пријатели по завршувањето на снимањето на серијата ,,Пријатели” . Сепак, неодамнешното обединување на славната шестoрка, што го овековечи Џенифер Анистон, привлече најголемо внимание. Легендарното селфи со шест пријатели на Анистон и послужи како прва објава на новоотворениот профил на Инстаграм, со што го сруши рекордот по бројот на следбеници за краток рок.