Ѓоковиќ: Првото место е достижно , како за Рафа така и за мене

Шампионот на Австралија Опен и на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ смета дека има добри шанси да ја заврши сезоната како најдобар тенисер на светот.

По точно една година на тронот, српскиот тенисер минатиот понеделник му ја препушти позицијата број еден на Рафаел Надал, кој сега има 640 поени.

Следува последниот турнир во сезоната, финалето на АТП турнирот во Лондон, а Ѓоковиќ има шанса да победи на својот прв натпревар денеска од 15 часот против италијанскиот тенисер Матео Беретини.

Новак вели дека е најдобро да се избегнат пресметките. Тој сака да забележи победа до крајот на турнирот и со тоа уште еднаш да го достигне тронот.

„Првото место на списокот е извесно и за Рафа и за мене. Овој турнир ќе одлучи кој ќе биде број еден на крајот од оваа сезона. Секако Рафа е во подобра позиција, но по триумфот на Мастерсот во Париз си дадов голема шанса. И јас сум во добра позиција “, рече Ѓоковиќ.

Новак е свесен дека младите играчи како Беретини полека влегуваат на сцена. Италијанецот блескаше на УС Опен каде стигна до полуфиналето.

"Тоа е одлична порака за нашиот спорт. Неизбежно е промената да се случи порано или подоцна и дека имаме успешна млада генерација. Роџер, Рафа и јас сме среќни што сè уште сме во топ групата, но колку време тоа ќе трае? Тоа нема да биде секогаш така “, рече Ѓоковиќ.

Матео Беретини вели дека мечот со Новак, со кого досега не играл, ќе биде одлично искуство за него.

"Никогаш не сме играле. За мене ќе биде сè ново, атмосфера, финале, Новак. Тоа ќе биде огромно искуство, одличен момент во мојата кариера. Сепак, како и претходните години, се обидувам да научам нешто. Јас ќе дадам се од себе како и претходно. Дефинитивно ќе излезам на теренот со идеја дека можам да го победам, но ќе видиме што ќе се случува “, изјави тој.

Србија и Косово од септември во Белата куќа продолжуваат со преговорите

Косовските и српските власти ќе се состанат во Белата куќа на почетокот на септември, како дел од напорите на Вашингтон да помогнат во нормализирањето на односите меѓу Приштина и Белград.

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ, го потврдија состанокот на 2-ри септември во Вашингтон, откако првиот обид да се сретнат српските и косовските лидери во Белата куќа во јуни не успеа.

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја откажа посетата на Вашингтон, откако против него беше покренато обвинение за воени злосторства.

Дваесет години по завршувањето на конфликтот (1998-99) односите меѓу Приштина и Белград остануваат затегнати, а Србија одбива да ја признае независноста на својата поранешна провинција со мнозинство Албанци, прогласена во 2008 година.

Европската унија преговара за нормализирање на нивните односи скоро десет години.

Неодамна, Соединетите држави станаа поактивно вклучени во процесот, особено Ричард Гренел, специјалниот пратеник задолжен за косовското прашање назначен од претседателот Доналд Трамп.

Ричард Гренел напиша на Твитер дека се „задоволни што го најавија состанокот на лидерите на Косово и Србија на 2 септември во Белата куќа“.

Премиерот на Косово, Авдолах Хоти оцени дека состанокот ќе биде посветен на „големи планови што ќе ги променат економските перспективи на Косово и регионот“.

Александар Вучиќ потврди на ТВ-каналот Пинк дека ќе учествува на тој состанок каде ќе се разговара за економијата.

Хашим Тачи не учествува во преговорите затоа што е обвинет пред Специјалното обвинителство (СПО) во Хаг за убиство на голем број луѓе во време кога тој беше еден од клучните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Тачи претходно ја отфрли можноста за вмешаност во воени злосторства.

Работник од Прилеп почина од повреди на работното место

Д.К. (64) од Прилеп, вработен во приватна фирма во прилепското село Бела Црква бил повреден и починал на местото на незгодата додека извршувал работни задачи.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 09.00 часот во Полициската станица во Прилеп.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција./МИА

Велес ќе добие модуларна монтажна КОВИД болница

На Велес му се доделени модуларни елементи, кои се странска донација, за изградба на модуларна монтажна КОВИД болница со капацитет од 33 болнички легла. 

Ќе биде изградена на парцела до хелиодромот над Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница, на местото познато како „Германски гробишта", информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

– Во наредниот период ќе се бара решение како да се завршат инфраструктурните работи за да може да дојде до монтирање на елементите. Локацијата која е одредена за оваа намена е парцелата лево од Инфективното одделение веднаш до хелиодромот над Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница, Велес, изјави Коцевски.

Тој посочи дека Велес е една 16 општини каде треба да се распределат модуларните КОВИД болници.

Тој информира дека за оваа намена на барање на Министерството за здравство, општините треба да го бетонираат платото и да обезбедт приклучок на водоводна и канализациона мрежа, иако болниците се национални, а не локални установи и тоа не е надлежност на локалните самоуправи.

– Ние за жал немаме предвидено таква ставка во буџетот и допрва треба да бараме решение како да обезбедиме средства за да ги извршиме нашите надлежности или треба да ја известиме Владата и Министерството за здравство дека не можеме да обезбедиме такви средства. Причината е затоа што финансиската состојбата на Општината станува критична поради состојбата со КОВИД-19 и по последиците од невремето, а кои ни одземаа допонително финансиски средства. Така што ќе мора да правиме или со ребаланс на Буџетот или со измена на програмите, да обезбедиме средства за оваа болница, појасни Коцевски. /MИА

притисни ентер