Објавен списокот на модели автомобили со вградени смртоносни перничиња

Вчера БМВ објави итно предупредување за сите кои го возат автомобилите од серија 3 во Австралија , веднаш да ги однесат во нивните сервиси или да бараат замена. Но во светот има уште 20 производители на автомобили со вградени смртоносни перничиња. 

Опасноста се должи на Таката воздушните перничиња, вградени во постарите модели на БМВ 3 од 1997 до 2001 година. Но има и голем број други модели автомобили со вградени Таката воздушни перничиња. Тие , во случај на несреќа може да експлодираат и металните шрапнели може да го убијат возачот и совозачот , со тоа што фатално може да поминат и патниците на задното седиште. Исто така , хемикалиите во експлозивното полнење на перничињата со време може да се расипат и да станат нестабилни. Тоа може да доведе и до спонтано експлодирање и голема опасност за возачот и патниците.

Бројни модели од 20 производители на автомобили ги имаат овие воздушни перничиња, а компаниите објавија специјални страници на нивните сајтови каде сопствениците на возила можат да проверат дали нивниот автомобил има вакви воздушни перничиња.

Се проценува дека над 60 милиони возила се погодени ширум светот. Повеќето од возилата се направени помеѓу 2000 и 2015 година.

Погледнете ја достапната листа на возила со опасни воздушни перничиња:

2006-2013 Audi A3

2005-2008 Audi A4 Avant

2006-2009 Audi A4 Cabriolet

2005-2008 Audi A4 Sedan

2010-2011 Audi A5 Cabriolet

2003-2011 Audi A6 Avant

2005-2011 Audi A6 Sedan

2009-2012 Audi Q5

2017 Audi R8

2008 Audi RS 4 Cabriolet

2007-2008 Audi RS 4 Sedan

2005-2008 Audi S4 Avant

2007-2009 Audi S4 Cabriolet

2005-2008 Audi S4 Sedan

2010-2012 Audi S5 Cabriolet

2007-2011 Audi S6 Sedan

2016-2017 Audi TT

BMW

2008-2013 BMW 1 Series

2000-2013 BMW 3 Series

2002-2003 BMW 5 Series

2011-2015 BMW X1

2007-2010 BMW X3

2003-2013 BMW X5

2008-2014 BMW X6

2010-2011 BMW X6 Hybrid

Ferrari

2010-2015 Ferrari 458 Italia

2014-2015 Ferrari 458 Speciale

2015 Ferrari 458 Speciale A

2012-2015 Ferrari 458 Spider

2016-2017 Ferrari 488 GTB

2016-2017 Ferrari 488 Spider

2009-2014 Ferrari California

2015-2017 Ferrari California T

2013-2017 Ferrari F12

2016-2017 Ferrari F12 tdf

2016 Ferrari F60

2012-2016 Ferrari FF

2017 Ferrari GTC4Lusso

Ford

2007-2010 Ford Edge

2006-2012 Ford Fusion

2005-2006 Ford GT

2005-2014 Ford Mustang

2004-2011 Ford Ranger

Honda

2001-2012 Honda Accord

2001-2011 Honda Civic

2003-2011 Honda Civic Hybrid

2001-2011 Honda Civic NGV

2010-2015 Honda Crosstour

2002-2011 Honda CR-V

2011-2015 Honda CR-Z

2003-2011 Honda Element

2010-2014 Honda FCX Clarity

2007-2013 Honda Fit

2013-2014 Honda Fit EV

2010-2014 Honda Insight

2002-2004 Honda Odyssey

2003-2015 Honda Pilot

2006-2014 Honda Ridgeline

Jaguar

2009-2015 Jaguar XF

Jeep

2007-2016 Jeep Wrangler

Land Rover

2007-2012 Land Rover Range Rover

Lexus

2007-2012 Lexus ES350

2010-2017 Lexus GX460

2006-2013 Lexus IS250/350

2010-2015 Lexus IS250C/350C

2008-2014 Lexus IS F

2012 Lexus LFA

2002-2010 Lexus SC430

Mazda

2004-2009 Mazda B-Series

2007-2012 Mazda CX-7

2007-2015 Mazda CX-9

2003-2011 Mazda6

2006-2007 Mazda Mazdaspeed6

2004-2006 Mazda MPV

2004-2011 Mazda RX-8

Mercedes-Benz

2005-2014 Mercedes-Benz C-Class

2010-2011 Mercedes-Benz E-Class

2011-2017 Mercedes-Benz E-Class Cabrio

2010-2017 Mercedes-Benz E-Class Coupe

2009-2012 Mercedes-Benz GL-Class

2010-2015 Mercedes-Benz GLK-Class

2009-2010 Mercedes-Benz ML-Class

2009-2012 Mercedes-Benz R-Class

2007-2008 Mercedes-Benz SLK-Class

2011-2015 Mercedes-Benz SLS-Class

Mitsubishi

2012-2017 Mitsubishi i-MiEV

2004-2007 Mitsubishi Lancer

2004-2006 Mitsubishi Lancer Evolution

2004 Mitsubishi Lancer Sportback

2006-2009 Mitsubishi Raider

Nissan

2001-2003 Nissan Maxima

2002-2004 Nissan Pathfinder

2002-2006 Nissan Sentra

2007-2012 Nissan Versa

Saab

2005-2006 Saab 9-2x

2006-2011 Saab 9-3

2006-2009 Saab 9-5

Subaru

2003-2006 Subaru Baja

2009-2013 Subaru Forester

2004-2011 Subaru Impreza (Including WRX/STI)

2003-2014 Subaru Legacy

2003-2014 Subaru Outback

2006-2014 Subaru Tribeca

2012-2014 Subaru WRX/STI

Tesla

2012-2016 Tesla Model S

Toyota

2010-2016 Toyota 4Runner

2003-2013 Toyota Corolla

2003-2008 Toyota Corolla Matrix

2009-2013 Toyota Matrix

2004-2005 Toyota Rav4

2002-2006 Toyota Sequoia

2011-2014 Toyota Sienna

2003-2006 Toyota Tundra

2006-2011 Toyota Yaris (Hatch Back)

2007-2012 Toyota Yaris (Sedan)

Volkswagen

2009-2017 Volkswagen CC

2010-2014 Volkswagen Eos

2010-2014 Volkswagen Golf

2013 Volkswagen Golf R

2009-2013 Volkswagen GTI

2012-2014 Volkswagen Passat

2006-2010 Volkswagen Passat Sedan

2006-2010 Volkswagen Passat Wagon

Најбогатиот човек на светот значително го зголеми своето богатство поради корона кризата

Нето-вредноста на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, достигна нов рекорден износ од 171,6 милијарди американски долари, по порастот на цената на акциите на „Амазон“ поради транзицијата на милиони потрошувачи кон е-трговија за време на корона -кризата.

Акциите на Амазон пораснале за 4,4 проценти во средата на рекордни 2.878,70 американски долари, зголемувајќи го богатството на нејзиниот основач на 171,6 милијарди долари. Ова е повеќе од рекордните 167,7 милијарди американски долари од септември 2018 година, според индексот за милијардери на Блумберг.

Амазон заработи од масовната потрошувачка во електронската трговија за време на кризата со корона.

Приходите од 56,7 милијарди американски долари само оваа година го истакнуваат зголемениот јаз меѓу богатите и милионите кои ги изгубија работните места поради најлошиот економски пад од Големата депресија.

Компанијата одби да коментира за зголемувањето на богатството на Безос.

Повеќето милијардери со најголем профит неодамна се исто така дел од технолошкото милје. Меѓу нив е извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој додаде 25,8 милијарди долари на своето богатство од 1 јануари годинава, а основачот на „Зум Видео комуникации“, Ерик Јуан, чие богатство е скоро двојно повисоко , се зголеми на 13,1 милијарди долари.

Средствата на Мекензи Безос, која што се здобија со четири проценти од акциите во „Амазон“ по нејзиниот развод од Џеф Безос, се проценуваат на 56,9 милијарди долари.

Но, не секој милијардер оваа година ја здебелил својата сметка, забележува Блумберг. Амансио Ортега, сопственикот на модниот бренд „Зара“, изгуби 19,2 милијарди долари, претседателот на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет остана без 19 милијарди долари, а тајкунот на француска луксузна стока, Бернард Арно, е потенок за 17,6 милијарди долари.

Но, повеќето го преживеаја падот и вкупната нето вредност на средствата на 500 најбогати луѓе во светот сега е 5,93 трилиони долари, наспроти 5,91 трилиони на почетокот на годината, пишува Блумберг.

Соопштение од ДОМ за дивоградбите покрај Охридското Езеро

Зелената партија ДОМ ја поздравува решителната акција на Општина Охрид за отстранување на бесправните објекти на плажите за кои се истечени концесиите. 

Секојдневно сме сведоци на ослободување на крајбрежјето од бетонски и челични градби што го нарушуваа пределот и правеа штета на природните вредности и биолошката разновидност. Конечно, се спроведуваат неопходните активности за да се стави крај на долгогодишна узурпација на крајбрежјето. Затоа, даваме силна поддршка на Општина Охрид и инспекциските служби да продолжат со борбата за зачувување на вредностите на Охридскиот регион и неговиот УНЕСКО статус.

Вчера, Советот на Општина Струга донесе Одлука за продолжување на мораториумот на градби и легализација на бесправни објекти, три месеци по носењето на оваа одлука во Охрид. И покрај големото доцнење, сметаме дека тоа е мал чекор во добра насока. Сепак, недозволиво е владината Уредба со законска сила за плажите да не се применува на струшкото крајбрежје! Ја повикуваме Општина Струга да го следи примерот на Охрид и да го ослободи и западниот дел на езерото од парапетчиња, платформи и други нелегални градби. Апелираме Државниот пазарен инспекторат и УЈП да обезбедат доследно спроведување на Уредбата на Владата.

Сектор за односи со јавноста – Демократска обнова на Македонија (ДОМ)

Николовски од Берово: Европската комисија ја усвои Преговарачката рамка на Северна Македонија, ова е потврда на правилните политики, но и потврда на македонскиот јазик

„Особено сме горди што денеска на првиот ден од претседавањето на нашиот голем пријател Германија, беше соопштена преговарачката рамка на Македонија и Европската унија. 

,,Ова е огромна одлука за македонските граѓани, голем чекор кој е потврда на се она што го правевме овие две години. Но, ова е и потврда на македонскиот јазик", порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме, на вчерашната трибина во Берово.

„Да стигнеме денеска до оваа Одлука во време на криза, ова е убава и важна вест за сите граѓани. Европската комисија ја усвои Преговарачката рамка за Македонија. Таа потврдува дека македонскиот јазик е загрантиран, таа потврдува дека целокупниот правен систем на ЕУ ќе биде преведен на македонски јазик. Тоа го пишува во денешната одлука", рече Николовски.

Тој нагласи дека концептот предвиден во Програмата на СДСМ и Коалицијата го трасира патот на сигурноста, безбедноста, но и развојот на новата македонска економија.

„Таа гарантира враќање на младите во земјата, но и силен развој на економијата. Успеавме заедно сите да го срушиме режимот и за две и пол години направивме огромен исчекор", рече Николовски.

Тој нагласи дека СДСМ и Коалицијата „Можеме" нуди чесни и одговорни кадри во ИЕ 3, но и во сите Изборни единици кои гарантираат развој на демократијата, економска стабилност и просперитет.

притисни ентер