Во Париз падна ,,Берлинскиот ѕид” од чоколадо (ВИДЕО)

Францускиот скулптор Патрик Роже, кој прави скулптури од чоколадо, денес ја прослави 30-годишнината од уривањето на Берлинскиот ѕид со тоа што удираше чоколадна реплика на злогласната бариера и споделуваше слатки парчиња со воодушевените минувачи.

Роже вели дека е „неверојатно да се споделат вкусот, вредностите и особено ветерот на слободата“.

Исто како што Берлинчаните го пробија бетонскиот ѕид на парчиња, Роже и еден асистент со задоволство ја „срушија“ репликата, пренесува АП.

Ѕидот беше направен од 200 килограми чоколадо, и насликан со зборовите „слобода“ и „Јас сум Берлинец!“ на германски јазик.

Ѕидот потоа беше срушен на тротоарот пред продавницата за чоколади на Роже во Париз на  стотици парчиња.Воодушевените минувачи зедоа парчиња чоколадо, а некои собираа и ги носеа дома.

Нисан отповикува 400.000 возила заради проблем со кочењето

Јапонскиот Нисан отповика скоро 400.000 возила од САД заради дефект во системот за кочење кој предизвикува течење на течноста од системот што може да предизвика пожар во автомобилот.

Отповикувањето ги вклучува моделите  „Maxima 2016-2018“, „Infiniti QX60 2017-2019“, „Murano 2015-2018“ и „Pathfinder 2017-2019“.

Доколку се случи проблем со течење на системската течност од кочниците автомобилот ќе сигнализира предупредување, но доколку тоа предупредување се игнорира во одредени случаи може да дојде до оган, ја известија од Нисан американската Национална администрација за безбедност во патниот сообраќај.

„Доколку предупредувањето се игнорира и возилото продолжи да се користи во овие услови, течноста за кочници може да предизвика електричен спој внатре во моторот“, соопштуваат од Нисан.

Нема податоци дали овој дефект во споменатите Нисан автомобили досега предизвикал пожари и повреди.

Ова отповикување доаѓа помалку од два месеци откако  Националната администрација за безбедност во патниот сообраќај отвори прелиминарна истрага за дури 553.000 Нисан „Rougue (X-Trail)“ по известувањето за грешка во автоматското итно кочење кое се вклучува без предупредување и без пречка.

Нисан минатата година и во Јапонија отповика автомобили поради проблеми со кочниците и управувачкиот систем.

Луксузна прослава на роденденот на Сораја

Сораја на 11 ноември наполни 33 години но тогаш не можела да собере големо друштво па се одлучила својата голема прослава да ја направи денес на 17 ноември.

Како што наведуваат медиумите, таа скала на пријателите да им приреди нешто за паметење па им платила авионски карти до Виена и смештај во луксузен хотел, а резервирала и место и во еден од најлуксузните австриски ресторани каде шише квалитетно вино чини 500 евра.

Сораја ги ангажирала и Александра Младеновиќ и Љуба Аличиќ да и пеат на журката.

Последниот произведен Сааб е продаден за 43 500 евра

На аукција во шведска е продаден последниот произведен примерок од некогашниот локален произведувач на автомобили Сааб.

Сааб 9-3 Аеро од 2014 година достигнал цена од 43.500 евра а последниот дел од историјата на Сааб го купил Клаус Спангорд.

Автомобилот требало да се користи за тестови за безбедност, но заради проблеми кои настанале во компанијата никогаш не се спроведени.

Заради тоа пет години не е користен и има поминато само 66 километри а ентериерот е потполно кожен.

Под хаубата се наоѓа 2.0 литарски бензински мотор со 220 коњски сили и 6 степен автоматски менувач. Овој автомобил има и погон на сите четири тркала.

Компанијата Сааб банкротираше 2011 година а две години подоцна е купена од кинеската компанија НЕВС.

Неколку години е произведуван Сааб 9-3 но новиот сопственик поради финансиски проблеми го изгубил правото на лиценцата на брендот Сааб.

Сега кинеската компанија произведува електрични автомобили базирани на Сааб 9-3 но под името НЕВС.

притисни ентер