Навивачите во Берлин на терен го урнаа ,,Берлинскиот ѕид” (ВИДЕО)

Германските навивачи решија на интересен начин да ја одбележат 30 – годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Навивачите на Херта симболично го срушија импровизираниот „Берлински ѕид“ кој беше подигнат во средината на Олимпискиот стадион во пресрет на натпреварот со Лајпциг.

Кога играчите на двата тима излегоа на теренот, наидоа на вештачки ѕид во центарот на теренот, а потоа им се придружија стотици навивачи кои заедно го ѕидот, како што тоа го правеа граѓаните на Берлин во 1989 година.

На ѕидот беше напишана порака: „Заедно против ѕидовите, заедно за Берлин“.

Инаку, фудбалерите на Херт носеа и ретро дресови со берлинскиот волк на градите, како оние што ги носеа фудбалерите на тимот на Берлин на првиот натпревар два дена по падот на Берлинскиот ѕид пред 30 години.

Натпреварот заврши со победата на Лајпциг од 4: 2, а погледнете како изгледаше уривањето на ѕидот.

Еурофарм Работник го победи Савехоф со 32:31

Во ракометна драма од осмото коло на Лигата на шампионите битолски Еурофарм Работник го совлада Савехоф со 32:31 (18:12). Во две различни полувремиња, домаќините овој пат и со спортска среќа успеаја заслужено да победат.

Стрелецот на победничкиот гол, постигнат на три секунди пред крајот на средбата, Мирко Радовиќ изјави дека по серијата несреќни порази од еден гол разлика, овој пат среќата беше на страната на Еурофарм Работник.

-Одигравме тежок и неизвесен натпревар. Среќен сум што победивме и оваа победа ја подаруваме на нашиот соиграч, повредениот Невен Стјепановиќ кој сакаме што побрзо да се врати во тимот, рече Радовиќ и се заблагодари на поддршката од верната публика.

Освен Радовиќ кој постигна шест голови, кај домаќините се истакнаа и Јотиќ со седум постигнати гола, како и голманите Митревски и Чаневски со одбрани во важни моменти од натпреварот. Кај шведскиот шампион најефикасен беше Вилијам Богојевиќ кој постигна осум голови./МИА

Во пријателски натпревар „Пирин" Благоевград подобар од ФК „Каменица Саса"

Во пријателска средба одиграна на стадионот Христо Ботев во Благоевград, екипата на „Каменица Саса" загуби од домашната екипа на Пирин со 2:0.

Головите на натпреварот беа постигнати во второто полувреме кога домаќините беа понадмоќни од гостите од М.Каменица.

Стрелец на првиот погодок за домашната екипа беше поранешниот играч на Арсенал, Колин Хендерсон кој постигна ефектен погодок од 30-35 метри во 55 минута од натпреварот. Победата ја потврди В’лчанов петнаесет минути пред крај на средбата./МИА

Унгарците го отворија спектакуларниот стадион во Будимпешта (ВИДЕО)

Со пријателски натпревар меѓу Унгарија и Уругвај во Будимпешта е отворен новиот стадион, „Пушкаш Арената“ со капацитет од 68.000 гледачи.

Стадионот, кој има најголем рејтинг со четири sвездички од  УЕФА, беше распродаден и натпреварот заврши со победа од 2-1 на гостите . Головите за Уругвај ги постигнаа Единсон Кавани (15 мин) и Брајан Родригез (21 мин), додека голот за Унгарија го постигна Адам Шалаи (24 мин).

Изградбата на „Пушкаш Арената“ чинеше неверојатни 620 милиони евра, двојно повеќе од проценетата цена.

Стадионот е изграден на местото на стариот Непстадион, кој беше отворен во 1953 година и беше целосно срушен пред три години. Пушкаш Арена е именувана по најдобриот унгарски фудбалер на сите времиња, Ференц Пушкаш.

Интересно е што почетниот удар го изведе 93-годишниот Никита Симонјан, кој исто така го отвори Непстадион во 1953 година на натпревар помеѓу Хонведо и Спартак Москва.

Претстојното Европско првенство во фудбал во 2020 година ќе има четири натпревари на „Пушкаш Арената“ - три во групната фаза и еден дуел во осмина финалето.

Унгарската репрезентација во вторник ја чека последното коло од квалификациите за ЕУРО 2020, на гостувањето во Кардиф против Велс .

притисни ентер