Тројца приведени во антитерористичка акција во Грција

Грчката полиција соопшти денеска дека уапсила три лица во големата антитерористичка операција и запленила оружје, вклучително и калашников што во нападите го користеле припадниците на екстремната левица.

Една од левичарските групи, Револуционерната организација за самоодбрана, ја презеде одговорноста за нападот со гранатирање на француската амбасада во Атина на 10 ноември 2016 година.

Полицаец беше полесно повреден во експлозијата што предизвика помала материјална штета.

Организацијата, исто така, презеде одговорност за нападот во јули 2014 година врз мексиканската амбасада во Атина.

Запленетиот калашников бил користен во неколку напади на Револуционерната организација за самоодбрана во 2014 година - оној во седиштето на грчката социјалистичка партија ПАСОК во Атина и во зградата на мексиканската амбасада во Атина.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја поздрави акцијата како „многу голем успех“ и ја потврди „решеноста да се стави крај на проблемите со тероризмот во земјата“.

Нападите врз јавни институции, медиуми, банки или дипломатски мисии се повторуваат со години наназад во Грција.

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер