Пет милиони евра отштета за жртвите на свештеници – педофили

Француските бискупи го одобрија планот за исплата на обесштетување на жртвите на сексуална злоупотреба, извршена од свештеници на Римокатоличката црква.

Бискупите гласаа да издвојат пет милиони евра на независна комисија за истрага на случаи на сексуална злоупотреба во Франција и ќе работат на спречување на ваквите случаи.

Овој фонд беше одобрен од 120 бискупи на собранието во југозападниот град Лурд.

Архиепископот на Ремс, Ерик де Молин-Бофорт, кој е и претседател на Конференцијата на француските бискупи, рече дека со плаќање на надоместокот на жртвите, не се намалуваат нивните страдања, но и тишината, занемарувањето, незаинтересираноста, недостатокот на реакција, лошите одлуки и дисфункција на системот во рамките на Црквата.

Тој додаде дека е премногу рано да се зборува за точниот број на жртви. Независна комисија која го испитува бројот на жртви на сексуална злоупотреба, објави дека од јуни се пријавиле 2.800 лица.

Според бискупот, секое лице кое се препознава како жртва има право да добие пари. Црквата ќе бара донации за оваа намена.

Според податоците на „Медијапарт 2016“, во текот на изминатите 50 години, имало 342 пријавени случаи на злоупотреба, сокриени од француските епископи во Франција и во странство.

Според АП, најмалку 34 свештеници учествувале во злоупотребата.

притисни ентер