Германија ги зголемува субвенциите за електрични возила , сака да ги стигне САД и Кина

Германија значително ќе го зголеми износот на субвенции за набавка на електрични возила.

Ревидираниот бонус за животна средина ќе порасне уште еднаш. Според најновата одлука, бонусот за набавка на електрични возила ќе изнесува до 6.000 евра, а според утврдената практика, половина од сумата ќе оди кај самите производители.

Целта е јасна. Германија сака да има најмалку 10 милиони електрични возила на своите патишта до 2030 година, пренесува Ројтерс. Тоа е дел од стратегијата за понатамошно помагање на домашната автомобилска индустрија да се натпреварува со американските и кинеските конкуренти. Германија, со 53.000 нови електрични возила регистрирани оваа година, во моментов е втор по големина пазар за вакви возила во Европа, веднаш зад Норвешка.

Еден од најсилните адути е VW I.D.3, со почетна цена на електричниот модел под 30.000 евра. По новите бонуси, цената ќе се спушти на ниво од 24.000 до 25.000 евра, проценуваат аналитичарите на Evercore ISI. Затоа не е изненадување што следната година Фолксваген сака да произведе 100.000 електрични автомобили во фабриката во Цвикау, а дури 330,000 во 2021 година.

Вучиќ разгледува целосно затворање на Белград поради коронавирусот

Српски Блиц открива дека Вучиќ вечерва може да објави дека целосно го затвора Белград поради коронавирусот. Б92 го пишува истото.

Како што пишуваат, тој вечерва ќе биде гостин на РТС и ќе објави нови мерки за Белград заради влошената состојба. „Блиц“ пишува дека неофицијално е потврдено дека вечерва размислуваат за повторно воведување на полицискиот час, но поверојатно е дека тој целосно ќе го затвори Белград, што би значело дека ќе забрани влез и излез од градот.

Вчера 8.626 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, 272 биле позитивни, а четири лица починале. Вчера е забележан најголем скок на бројот на пациенти на респиратори - од 42 на 73. Најголем број заразени со коронавирус се од Белград.

Б92 пишува дека според најновите податоци, од вкупниот број тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 проценти од заразените се од Белград.

Тачи го нарече терорист кандидатот на ДУИ за премиер

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи во текот на вчерашниот ден остварил средба со граѓани на Гостивар, каде изразил уверување дека опцијата на неговата партија ќе победи на парламентарните избори закажани на 15 јули.

Тачи го коментирал и кандидатот за премиер од Демократската унија за интеграција Насер Зибери, кого го нарече терорист.

– Што го поврзува Али Ахмети со Насер Зибери? Југославија и национализмот на Насер Зибер. Насер Зибери е терорист од 1997 година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, каде државата тогаш убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе и ова е најсилниот аргумент што за среќа Бог ни дава дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел, доаѓаат од истиот извор и ние овие двајца ќе ги разделиме, рече тој.

Тачи истакна дека тој и неговата партија не се откажуваат од нивниот план за дводомен парламент.

– Дводомниот парламент е прва понуда. Дводомен парламент, кој ќе биде правно-уставен гарант дека Албанците повеќе нема да бидат надгласани и мајоризирани.

За позијата премиер за која претендира, Тачи тврди дека е „прва перформанса што може да се функционализира и рече дека нема дека оваа претстава не смее да биде индивидуална, освен Мендух Тачи, или ДПА, ова мора да се направи на национално ниво". /МИА

Царовска: На 15 јули гласајте за СДСМ за да продолжиме да вложуваме во децата кои се највредното богатство на државата

Носителката на листа на пратеници од ИЕ1 Мила Царовска вчера вечер на маалска средба со граѓаните од Општина Карпош истакна дека децата се највредно богатство на државата и најголемиот потенцијал за иднината на државата.

Затоа владата предводена од СДСМ изминатиот период вложуваше во искоренување на детската сиромаштија и со социјалната реформа економски ги јакнеше семејствата.

„Дозволете ни да продолжиме да вложуваме во децата. На 15 јули излезете и гласајте за иднината на нашите деца. Заедно можеме многу повеќе и многу подобро. СДСМ е партија којашто се грижи за децата од ранливите семејства кои беа заборавени во општеството. Тоа е погрешно. Затоа што тие имаат еднаков потенцијал да ја водат понатаму нашата држава, да вложат во нашата држава ако ние доволно вложиме во нив. Затоа што не знаеме во секое дете каков талент се крие" рече Царовска.

Царовска истакна дека е зголемен опфатот на деца коишто користат образовен и детски додаток, за да ги направиме подеднакви шансите за старт и успех на секое дете, се наведува во соопштението на СДСМ.

притисни ентер