Неверојатната Џеј Ло вежба со тегови тешки 120 килограми (ВИДЕО)

Телото на познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез никого не го остава рамнодушен.

Пејачката Џенифер Лопез напорно работи за да изгледа одлично. Познато е дека објавува видеа за да ги мотивира обожавателите да вежбаат како неа и да бидат активни.

Таа неодамна објави видео за обука каде прави вежби за нозе.

„Само уште еден вторник ...Тренинг по работа“, напиша таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Just another Tuesday... After work workout. 💪🏽

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Таа на секоја страна од справата имаше по 60 килограми , пренесува Womanshealth. Секоја чест за силата!, се воодушевуваат фановите.  Сега знаеме зошто таа изгледаше толку добро во улогата на стриптизета во нејзиниот последен филм.

Дневен хороскоп за 18. ноември 2019 година

Дневен хороскоп за понеделник , 18. ноември 2019 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место.

Кариера

На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива.

Здравје и совет

Се интересирате за козметика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш.

Кариера

Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли.

Здравје и совет

Не манипулирајте со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого.

Кариера

Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место.

Здравје и совет

Проанализирајте се себеси.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете.

Кариера

Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете.

Здравје и совет

Бидете зрели и воздржани.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот.

Кариера

Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања.

Здравје и совет

Телесно сте одлично , емотивно сте празни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него.

Кариера

Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна.

Здравје и совет

Внимавајте на главата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни.

Кариера

Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите.

Здравје и совет

Поместете ги своите граници.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат.

Кариера

Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински.

Здравје и совет

Концентрирајте се на позитивните работи.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени.

Кариера

Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди.

Здравје и совет

Меланхолија.  

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план.

Кариера

Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги.

Здравје и совет

Напредувате во секој поглед.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања.

Кариера

Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе.

Кариера

Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот.

Здравје и совет

Посилни сте од ден во ден.

Нисан отповикува 400.000 возила заради проблем со кочењето

Јапонскиот Нисан отповика скоро 400.000 возила од САД заради дефект во системот за кочење кој предизвикува течење на течноста од системот што може да предизвика пожар во автомобилот.

Отповикувањето ги вклучува моделите  „Maxima 2016-2018“, „Infiniti QX60 2017-2019“, „Murano 2015-2018“ и „Pathfinder 2017-2019“.

Доколку се случи проблем со течење на системската течност од кочниците автомобилот ќе сигнализира предупредување, но доколку тоа предупредување се игнорира во одредени случаи може да дојде до оган, ја известија од Нисан американската Национална администрација за безбедност во патниот сообраќај.

„Доколку предупредувањето се игнорира и возилото продолжи да се користи во овие услови, течноста за кочници може да предизвика електричен спој внатре во моторот“, соопштуваат од Нисан.

Нема податоци дали овој дефект во споменатите Нисан автомобили досега предизвикал пожари и повреди.

Ова отповикување доаѓа помалку од два месеци откако  Националната администрација за безбедност во патниот сообраќај отвори прелиминарна истрага за дури 553.000 Нисан „Rougue (X-Trail)“ по известувањето за грешка во автоматското итно кочење кое се вклучува без предупредување и без пречка.

Нисан минатата година и во Јапонија отповика автомобили поради проблеми со кочниците и управувачкиот систем.

Луксузна прослава на роденденот на Сораја

Сораја на 11 ноември наполни 33 години но тогаш не можела да собере големо друштво па се одлучила својата голема прослава да ја направи денес на 17 ноември.

Како што наведуваат медиумите, таа скала на пријателите да им приреди нешто за паметење па им платила авионски карти до Виена и смештај во луксузен хотел, а резервирала и место и во еден од најлуксузните австриски ресторани каде шише квалитетно вино чини 500 евра.

Сораја ги ангажирала и Александра Младеновиќ и Љуба Аличиќ да и пеат на журката.

притисни ентер