Илјадници Американци добиле љубовни честитки од починати пријатели и партнери

Над 160 000 Американци во текот на минатата недела ги добиле честитките наменети за Валентајн , што требало да ги добиајт на 14. февруари.

Со задоцнување од речиси девет месеци , илјадници Американци ги добиле љубовните честитки , меѓу кои и од поранешни партнери и од починати пријатели.

Грешката се случила на мрежите на сите најголеми провајдери низ цела Америка, вклучително и мобилни уреди на Епл и Андроид.

Syniverse, компанијата која обезбедува услуги на големите телекомуникациски компании, објасни дека се случила грешка во „внатрешниот систем за одржување“.

Ваквата грешка предизвика жестоки реакции од незадоволните корисници , кои се пожалија преку Твитер.

Некои се пожалија дека по осум месеци пораките им стигнале од нивните поранешни партнери и , но и од роднини и пријатели кои во меѓувреме починале.

„Само што добив порака од бројот на мојот најдобар пријател. Единствениот проблем е што човекот почина во февруари“, напиша еден корисник на Твитер.

„Во три часот наутро ми стигна порака од татко ми дека тој ме сака и ме поддржува, но тој дури и не се сеќава дека ја пратил , а камо ли да го напишел“, напиша друг корисник на социјалната мрежа.

Некои корисници објавија дека добиле пораки стари две години. Снаверс им се извини на сите корисници што ги добија спорните пораки.

Според компанијата, имало 168.114 корисници, а во меѓувреме тие го решиле проблемот.

"Ние ги анализиравме нашите внатрешни практики за да се осигураме дека вакво нешто нема да се случи повторно.Работиме со сите наши клиенти и подготвени сме да одговориме на сите прашања што можат да ги имаат", рече портпаролот Вилијам Харли.

Хјундаи во наредните три години ќе инвестира 47 милијарди евра, пред сѐ за електрични возила

Компанијата Хјундаи денеска објави дека ќе инвестира 68 трилиони вони (околу 47 милијарди евра) во текот на три години во Јужна Кореја, главно за да го зголеми производството на електрични возила (ЕВ) и да вработи 80.000 нови работници во секторот.

Јужнокорејската компанија наведува дека повеќе од половина од таа инвестиција ќе биде наменета за електрични возила, односно за нова истражувачка и развојна инфраструктура, како и производствени линии, пренесе Ројтерс.

Агенцијата забележува дека зголемувањето на инвестициите се случува во време кога другите етаблирани производители на автомобили го намалуваат производството.

Главниот оперативен директор на Hyundai, Хозе Муњоз, на саемот за автомобили во Њујорк најави дека бројот на електрични возила ќе се удвои.

„Многу сме посветени на пазарот на Соединетите Американски Држави“, истакна тој.

Hyundai во ноември објави дека инвестира 11,6 милијарди евра во нови посебни капацитети за производство на електрични возила и батерии во Грузија, што е најголема инвестиција надвор од Јужна Кореја.

Додека јужнокорејската компанија ги зголемува инвестициите во електрични возила, конкурентските производители на автомобили планираат да го намалат производството на ЕВ и да го префрлат капиталот главно на хибридни модели.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

притисни ентер