ВМРО – ДПМНЕ : Никој не знае какви последици ќе остави хаваријата во „Охис“ по здравјето на граѓаните

Граѓаните на цело Скопје се соочени со еколошка катастрофа,рече Даниела Костадинова,советник во општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на вчерашниот ден беше невозможно да се дише во Кисела Вода, Лисиче и делови од Аеродром.Никој не знае какви последици ќе остави хаваријата во „Охис“ по здравјето на граѓаните.

Жителите на Кисела Вода, барем оние кои имаа каде да заминат, ги напуштија своите домови. Отидоа кај роднини или пријатели само да се заштитат себе си и своите најблиски.

Човекот кој не пропушта шанса да се фотографира и појави пред медиумите, Зоран Заев го нема никаде. Тој е најодговорен за еколошката катастрофа која што вчера му се случи на Скопје со оглед на фактот што чистењето на просторот во „Охис“ е под надлежност на Владата. Додека граѓаните беа во паника, никаде го немаше ниту Макрадули, ниту градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Што ли треба да се случи за некој од власта да понесе одговорност. Време е власта да се соочи со последиците од неспособноста.

Јавноста мора да добие одговор дали фирмата која е овластена да го менаџира токсичниот отпад има лиценца за управување со токсичен отпад и отрови? Доколку нема дали воопшто некој од власта и вршел контрола?

Одговор мора да има и на прашањето дали стечајниот управник и судијата потпишале договор уште во февруари за дислокација на дел од опасните супстанци како што се течниот хлор и метил акрилат, но досега ништо не е преземено иако парите се исплатени.

Дали во Владата се свесни дека доколку се случи хаварија со само еден канистер со 30 литри хлор истечен, ќе треба да се евакуира цело Скопје, а целата количина од 15-тина тони може да контаминира 1/3 од Македонија?

Човечки животи се во прашање, во прашање е здравјето на граѓаните, одговорност мора да има!, рече Костадинова.

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер