Каевски: Младинските политики се на прав прав пат, преку конкретни проекти се грижиме за младите

Како Социјалдемократската младина во изминатиов период покажавме дека барањата и интересите на младите се наш приоритет, рече на прес конференција, Дарко Каевски, претседател на СДММ

Ги реализираме мерките од програмата за млади и нудиме шанса за секој млад човек.Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година е со најголем буџет до сега, а опфатот на лица е зголемен за околу 2000 во однос на минатата година. Со програмата Самовработување се опфатени 2076 лица, од кои околу 800 се млади на возраст до 29 години.

Ги следиме Европските политики, нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработија 1839 млади лица.

За само 4 месеци над 4000 млади луѓе аплицирале за Европската младинска картичка. Картичката е бесплатна, а за младите нуди голем број на поволности, мобилност, информираност и поврзаност.

После долг период, овој месец на универзитетите се органиираат фер и демократски студентски избори. Студентите сами ги бираат своите претставници, постои независност во студентското организирање.

Денес младите учествуваат во креирањето и спроведувањето на политки кои директно ги засегаат.Се залагаме за создавање на активна младина која ќе гради и застапува демократски вредности.

Преку еднакви шанси, слобода на изразување, зголемување на квалитетот на живот, повеќе и поквалитентни работни места, продолжуваме да креираме услови за да ги задржиме младите тука.

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер