Протест против работата на извршителите

Конфедерацијата на синдикални организации и неколку невладини излегоа на протест во Скопје за да искажат незадоволството од работата на извршителите.

За два ипол денари заостаната камата од земен кредит во 2007-ма година кичевчанката Злата Штерјоска сега треба да плати околу 600.000 денари. Ова таа го кажа денеска на протестот на организацијата “Стоп за извршители” кој се одржа во Скопје.  

 “ Го исплатив во 2008ма година, во целосна сума исплатив 224.000, оставила намермо банката камата од 2.5 денари само да биде кредиот отворен. После судска пресуда сегде се водеше нигде не го доставува уплатата на овој извод што го има од банката. ”

Активистот од организацијата “Стоп за Извршители” Марјан Ристески заедно со останатите незадоволни граѓани на протестот меѓудругото побара запирање на присилната наплата, отпис во целост на старите долгови и укинување на каматата.  Тие ја повикаа Владата да работи уште во овој домен за конечно да се воспостави силна правно-институционална рамка, во спротивно најавуваат поголеми протести.

Последните податоци на организацијата “Стоп за извршители” се дека 107.000 блокирани сметки, од кои над 80.000 се на физички лица.  

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер