Хали Бери на 53 години се пофали со ,,плочките”

Хали Бери на Инстаграм реши да се пофали со својата завидна фигура и со стомачните мускули .

Холивудската актерка во објавата се пофали дека се подготвува за улогата во филмот "Bruised"  во кој глуми ММА борец , Џеки Џастис.

Хали објави фотографија од теретана , каде е целата испотена со порака дека секој може да изгледа совршено со редовно вежбање и на 53-годишна возраст.

"Нема подобро чувство од поставување на цел и нејзино постигнување. Една од моите цели беше да добијам истакнати стомачни мускули и денес конечно ги имам. Чувството е неверојатно. На овој фитнес петок, ве охрабрувам и вие да си поставите цел ...", напиша Хали која работи напорно за да го постигне саканиот изглед.

Дека актерката изгледа беспрекорно ,  потврда се скоро половина милион лајкови на нејзината слика за неколку часа.

притисни ентер