Грета добива мурал во центарот на Сан Франциско (ВИДЕО)

Младата активистка против климатските промени , Швеѓанката Грета Тунберг , ќе добие мурал во центарот на Сан Франциско.

Муралот го слика аргентинскиот уметник Андрес Иглесијас.

Иглесиас, кој се претставува под псевдонимот Кобра, следната недела ќе го заврши муралот на кој е претставена 16-годишната Швеѓанка, која беше номинирана за Нобелова награда за мир оваа година.

Тој рече дека го вложува своето време во оваа работа и дека се надева дека огромната слика ќе им помогне на луѓето да разберат дека „треба да се грижиме за светот“.

Уметникот бил ангажиран од непрофитна организација за животна средина, која планира низа активности за заштита на животната  средина.

притисни ентер