Обновени конаците на манастирот Успение на Пресвета Богородица во Трескавец

Конаците на манастирот Успение на Пресвета Богородица кои во пожар пред близу седум години беа до темел уништени  се обвновени..

Но, тие не ќе можат да се користат бидејќи проект има ,ама пари за резервоар за вода нема..Тој треба да се изгради високо во карпите на тешко пристапен терен со капацитет од 90 метри кубини вода..За овој објект се потребни 100 илијади евра и целиот систем  е основата за технички прием на комплексот во кои патем паралелно се во тек и  конзерваторки работи на црквата изградена во 13 век..

Надлежните од Министерството за култура и Завод и музеи Прилеп,уверуваат дека нивните обврски за возобновување на конаците и реставрација на црквата благовремено се исполнети..Останува од повеќе места да се најдат пари за резерваорот за вода и што поскоро и овој проблем да биде решен..

Манастирот на Трескавец е еден од најзначајните  духовни центар  на Балканот.. Во негова близина е и некрополата Колобаиса центар на културата на Аполон и Артемида..Сето ова под врвот Златоврв на височина од 1422 метри предизвикува посебен интерес и кај домашните но и кај странските туристи..Годишно овој комплекс го посетуваат над 20 илјади посетители,велат од монашкото братство на Трескавец...

притисни ентер