Ангеловска на Фреја форумот: Дигиталните алатки се сè уште занемарени како клуч за подобрување на демократијата

Дигиталните алатки сѐ уште се занемарени како клуч за подобро раководењето со државите и за подобрување на демократијата. 

Дигитализацијата може да помогне во адресирањето на глобални проблеми меѓу кои и најгорливиот - одржливиот развој. Новите технологии се и клуч за премостување на родовиот јаз. Обраќајќи се на отворањето на интернационалниот 13. Фреја форум што оваа година се одржува во Скопје, министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека пред нас е откривање и користење на потенцијалот на технологиите за адресирање крупни општествени проблеми.

-Човештвото се соочува со сиромаштија и глад, раселување како последица на климатските промени и конфликтите, додека, од друга страна има брз развој на вештачка интелигенција. Ова значи дека треба повеќе да работиме нa изнаоѓање одговарачки решенија за проблемите со кои се соочуваме - посочи Ангеловска.

Дигиталните алатки можат да се користат за да се подобрат услугите на Владите. Со едноставни анализи базирани на дигитални алатки можеме да видиме, на пример, кој и каде најмногу користи Интернет, како показател за развојот на одредени региони.

- На пример во Чикаго, вградени дигитални следачи во велосипедите им покажуваат на градските власти кои патишта треба да ги реконструираат. Дигиталните алатки се ресурс на денешницата исто како што во првата индустриска револуција била парната машина, исто како што беше самиот Интернет - рече Ангеловска.

И за Владата едно од важните прашања е користењето на дигиталните технологии за подобрување на квалитетот на јавните услуги. Министерката Ангеловска рече дека со Светска банка, на годишната средба во Вашингтон, е договорена натамошна соработка за дигитализирање на уште поголем број услуги, што ќе има директен импакт врз доброто управување, но и врз економскиот раст. Овој месец, Министерството за информатичко општество и администрација ќе ја објави листата на електронски услуги со кои ќе бидат поедноставени услугите до граѓаните.

-Моите заложби се насочени кон вбризгување на дигиталните технологии во секоја сфера бидејќи верувам дека иднината за Северна Македонија лежи во смарт и дигитално општество. Министерството за финансии ќе се заложи за поголема примена на дигиталните технологии во делот на адресирање на сивата економија и даночните политики, следењето на имплементацијата на капиталните инвестиции и буџетската транспарентност - укажа министерката за финансии Ангеловска.

Фреја форумот од 1995 година работи на градење капацитети, демократија и еднакви можности преку развој на непрофитни организации во Западен Балкан, Турција, Шведска и земјите од ЕУ, соопшти Министерството за финансии.

ВМРО – ДПМНЕ : Љупчо Николовски се заразил од вирусот Заев, лаже дека СДСМ гради 260 километри автопат кои никој не ги гледа

Очигледно Љупчо Николовски е заразен од вирусот Заев, се наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на генералниот секретар на СДСМ.  .

Покажува симптоми на безочно лажење. Вели дека СДСМ ГРАДИ 260 км автопат, а никој нема видено ниту еден километар автопат проектиран, со обезбедена финансиска конструкција и изграден од страна на СДСМ во овие три години власт. Дури и проектите кои беа отпочнати од време на претходната влада, Заев, Љупчо Николовски и СДСМ од петни жили се обидуваат да ги прикажат како свои, само затоа што нацртале бели линии или затоа што одиграле чочек при отворањето.

Срам и дно од власт се. Крајно неспособни и криминогени.

Тие знаат дека граѓаните ќе ја дадат поддршката на Обновата која доаѓа, затоа што во обновата јасно се предвидени инфраструктурни проекти кои народот знае дека ќе се реализираат. Обновата предвидува нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола и експресен пат до Меџитлија, но и изградбата на автопатот Кичево-Охрид, довршување на експресните патишта Градско-Прилеп, експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш, но и реконструкција и проширување на најмалку 1000 километри магистрални, регионални и локални патишта.

СДСМ и Љупчо Николовски во 2016 година ветуваа нови 600 километри автопат и излажаа. Ништо не направија , а сега ги препакуваат и надградуваат истите лаги. Но народот не им верува. Народот виде дека нив интересот на граѓаните не им е приоритет.

СДСМ, Љупчо Николовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Лукаревска во општина Бутел: Социјалдемократскиот сојуз не копа ровови, гради мостови, патишта, врски меѓу луѓето

Нашиот фокус го насочуваме кон изградба на нови 500 километри водовод и канализација, за што ќе обезбедиме 100 милиони евра за сите општини. 

Ако не се расфрлаа и трошеа парите на граѓаните како да се туѓи, веројатно Индустриската зона „Визбегово" во општина Бутел немаше толку да чека на водовод и канализација . Со поддршка на Владата, сега е завршена изградбата на водоводната мрежа во должина од 7,3 километри, а во завршна фаза е изградбата и на канализационата мрежа. Се создаваат подобри услови за работа на постоечките компании, а се поттикнува интересот и кај други домашни и странски инвеститори, рече носителката на изборна листа во ИЕ 2, Сања Лукаревска.

Социјалдемократскиот сојуз не копа ровови, гради мостови, патишта, ги поврзува луѓето. Ќе изградиме нови 950 километри локални патишта. Инвестициите во инфраструктурата, во патиштата, се инвестиции во подобра поврзаност, инвестиции во развојот, инвестиции во нова, развојна македонска економија. Кога има просперитет, кога има добар живот за сите, нема место за омраза и за национализам. Затоа ќе продолжиме со уште поголемо темпо, сите заедно.

Лукаревска најави и изградба на нови 777 станбени единици на социјални станови во 12 општини, меѓу кои и во општина Бутел, се наведува во соопштението на СДСМ.

Интегра ја презентираше програмата во Куманово

Интегра на градскиот плоштад во Куманово на средби со граѓаните на кои партискиот лидер Љупчо Ристовски и носителот на листата во ИЕ2, Александар Главинов ја презентираа програмата „Нова македонска ренесанса како визија за подобар живот во Македонија'

Проекти од речиси сите области кои ќе им овозможат подобар живот на граѓаните, туризам, инвестиции, иновации, понудија на денешниот митинг претставниците на Интегра.

Двете партии, рече во говорот Ристовски, ја опустошија Македонија последниве 30 години, затоа е редно да се одберат луѓе кои на граѓаните ќе им овозможат благосостојба.

– Економија, образование, здравство, немате богата и просперитетна држава ако нацијата ви е болна и ако не ви е силно образована. Овие таргети ќе поткренат пет клучни стратегиски точки, почвата, водата, воздухот и човечкиот капитал стануваат национални стратегиски ресурси-рече, во говорот Ристовски.

Кокино ќе биде туристичка атракција, ќе се развива бањскиот, здравствениот туризам, брзи возови, преку транспортна стратегија. Граѓаните ќе можат личниот потенцијал да ги изнесат на површина и Македонецот да биде горд и достоинствен, додава Ристовски,

Носителот на листата Главинов порачувајќи им на кумановци дека се борбени, посочи дека пратеничкиот мандат ќе го доживее како должност да даде максимум за потребите на граѓаните, за поубав, достоинствен, безгрижен, за материјално стабилен живот.

– Затоа е многу важно сите заедно, сплотено и масовно да излеземе и да го дадеме својот глас за Интегра, македонска конзервативна партија и да ставиме крај на досегашната црно-бела политичка слика-повика Главинов

Пред присутните беа презентирани и дел од кандидатите за пратеници од ИЕ 2, меѓу нив и кандидатката од Куманово, Виолета Арсовска./MИА

притисни ентер