Продадени на аукција 170 предмети на фронтменот на Продиџи за половина милион долари (ВИДЕО)

Облека , мебел и музички награди се најдоа на аукцијата на предмети што му припаѓале на покојниот фронтмен на групата Продиџи , Кит Флинт.

Предметите достигнаа вредност од околу 450 000 долари , а аукцијатас е одржа по осум месеци од смртта на музичарот.

Аукциската куќа Chefins објави дека се продадени околу 170 премети за да се помогне во подмирувањето на долговите за имотот. Во соопштението се вели дека аукцијата се одржала во четвртокот вечерта и дека собраната сума ги надминала сите очекувања.

„Имаше голем интерес за сите предмети и задоволни сме што ја достигнавме таа сума за подмирување на долговите на имотот“, се додава во соопштението на Твитер.

Трите музички награди на МТВ, кои Флинт ги доби кон крајот на 90-тите, беа продадени за 16.000 фунти и за 8.500 фунти е продаден креветот направен од даб и челик, во чија изработка , наводно, учествувал и музичарот.

Иконата на британското рејв движење од 90-тите години, кој ги пееше хитовите како „Firestarter“ и „Breed“, беше пронајден мртов во март во својот дом во Англија. Истрагата откри дека смртта се случила со бесење по употреба на наркотици, но нема доволно докази за официјално да се карактеризира како самоубиство.

притисни ентер