Илјадници го пречекаа пред затовр ослободениот поранешен претседател на Бразил (ВИДЕО)

Илајдници со часови чекаа пред затворот во бразилскиот град Куритиба за да биде ослободен поранешниот претседател , Луиз Инацио Лула де Силва (74).

Поранешниот претседател го дочекаа маса левичарски активисти , откако Лула помина над две и пол години во затвор. Сојузниот суд вчера нареди пуштање од затвор на поранешниот претседател по одлуката на Врховниот суд , откако се укина задолжителното затворање на осудениците , откако ќе ја изгубат првата жалба.

Со политички важната пресуда се очекува да бидат ослободени голем број осудени лица од висок ранг од т.н. истраги за јавна корупција наречени „миење автомобили“, вклучувајќи го и Лула, кој беше во затвор за корупција.

Лула излезе од затвор пеш, со својата партнерка Розанела да Силва и со стегната тупаница ја поздравила собраната толпа.

Некои од собраните плачеа пред седиштето на полицијата во Куритиба, каде што Лула требаше да издржува казна од 8 години и 10 месеци затвор за корупција. Тој беше ослободен еден ден по указот на Врховниот суд.

„Не сакав да го следам гласањето на судиите на Врховниот суд вчера, но кога го слушнав резултатот, викав и плачев и дојдов денес да го пречекам пред полицискиот штаб. Не можев да го пропуштам тоа“, рече Лусија Фернанде, една од поддржувачите на Лула.

притисни ентер