СДСМ: Нов раст на платите во обрзованието, Владата покажува дека вистински се грижи за граѓаните

Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува и докажува дека вистински се грижи за сите граѓани, се наведува во соопштението на СДСМ.

Уште една потврда за тоа е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година.

Ова воедно е трето покачување на платите на наставничкиот кадар,  откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто.

Севкупно, наставниците за еден нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати за 20 отсто. За поместувањето на исплатата за три месеци, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

СДСМ и Владата која ја предводи продолжува да работи во насока на подобрување на образовниот процес вклучително и преку поставување на дигнитетот на наставничката професија на повисоко ниво, вреднување на трудот и поголема мотивација на наставниците.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

Две седници на Законодавно-правната комисија

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска две седници ќе одржи Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на дневниот ред на првата седница е Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка, во второ читање.

На втората седница Комисијата ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за одбрана; за лобирање; за изменување и дополнување на Законот за правда за децата; и за Академија за судии и јавни обвинители, четирите во второ читање. /МИА

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

притисни ентер