Три децении од падот на Берлинскиот Ѕид и уривањето на железната завеса

На денешен ден пред 30 години падна Берлинскиот Ѕид , кој од 1961 симболично ја делеше Германија на Источна и Западна.

На 9. ноември 1989 илјадници од Источна Германија се собраа пред ѕидот барајќи од стражарите да ја отворат капијата кон западниот дел на Берлин. Кога вечерта се отвори капијата , падна ѕидот , а стотици западни германци со радост и солзи во очите ги дочекаа своите роднини , пријатели и познаници од источниот дел , по цели 28 години. Вечерта Германците се радуваа , а од утрото почна уривањето на ѕидот.

На 30-годишнината од падот на ѕидот, експертите велат дека разликите меѓу западниот и источниот дел на Германија сè уште се забележуваат.

„Многу од разликите што постоеја помеѓу двата дела на сега обединетата држава, особено економската, се намалени, смета професорот по социологија на Си-Ен-Ен од универзитетот Хумболт во Берлин, Стефан Мау.

„Но, сè уште има силни разлики во ставовите и менталитетот. Постојат големи разлики меѓу Истокот и Западот кога станува збор за тоа како луѓето гледаат на поранешната ДДР, колку им веруваат на демократските институции, како ги гледаат елитите или медиумите и нивниот став кон Русија“. рече Мау.

„Повеќето западни Германци би рекле дека повеќе нема разлика, дека тие биле избришани за време на трансформацијата, додека повеќето источни Германци би рекле дека сè уште постои впечатлива разлика меѓу истокот и западот на земјата“, рече германскиот социолог.

Железната завеса, како што го нарекоа овој граничен ѕид, го подели Берлин на два дела. Едниот припаѓал на Источна Германија т.е. Демократска Република Германија и другата, Западна Сојузна Република Германија.

Оваа состојба се појави по поделбата на Германија помеѓу САД, Франција, Велика Британија и СССР по Втората светска војна.

Истокот го контролира СССР, додека на останатите земји им припаѓа западниот дел.

Така, Демократска Република Германија, го презеде системот како оној во Советскиот сојуз.

Во желбата за бесплатно, подобро образование, избор на музика, граѓаните на Источна Германија масовно се селеа кон запад.

Поради оваа причина, претседателот на Државниот совет на Демократска Република Германија, Волтер Улбрихт, предложи изградба на ѕид, а лидерот на СССР, Никита Хрушчев ја поддржа идејата.

Прво е подигната жичана ограда, а подоцна беше подигнат ѕид долг 155 километри.

Така, преку ноќ, во 1961 година, семејствата се најдоа во две држави.

Граѓаните од Источна Германија, вработени во Сојузна Република Германија во тој момент, останаа без работа.

Од тој момент, повеќето жители на Истокот имаа само една мисла - како да се вратат на запад.

Во обид да се прејде ѕидот , над 100 луѓе ги загубија животите.

Семејствата кои останаа во Демократска Република Германија со нетрпение чекаа пакети од роднините „преку ѕидот“. Кафето и чоколадото беа најочекувани, но имаше пакети и со овошје, брашно ...

Многумина се обидоа да го најдат патот на запад преку Словачка или Унгарија, дури и Југославија, а многу луѓе транспортираа луѓе низ овие земји за пари.

Тогашната влада на Демократска Република Германија одржа прес-конференција на која, по долги демонстрации низ целата земја, беше објавен новиот закон за патување на граѓаните.

Според новиот закон, не смеело да им се дозволи да патуваат на запад.

Поради неподготвеност, надлежниот министер, кога го прашаа новинарите кога ќе стапи во сила законот, рече: Отсега.

Откако ги објавија овие информации на телевизија, илјадници луѓе застанаа пред ѕидот и го чекаа моментот да се преселат на запад.

Сојузна Република Германија и Демократска Република Германија конечно се обединија за помалку од една година од падот на Берлинскиот Ѕид на 3 октомври 1990 година.

„Спајс грлс“ повторно заедно за 50. роденден на Викторија Бекам

Познатиот женски поп-состав од 90-тите - „Спајс грлс“ (Spice Girls) повторно се обедини за 50-от роденден на Викторија Бекам - една од девојките во групата.

Популарните „Спајсици“ сѐ уште се во добри односи. Џинџер, Спорти, Бејби, Скери и славеничката Пош Спајс прославија и со својата позната песна „Стоп“, а видеото од изведбата на Инстаграм го објави сопругот на Викторија, Дејвид Бекам. Забавата се случила викендов во клубот „Освалдс“ во Лондон, а од познатите гости, забележани се и Том Круз, Селма Хајек, Ева Лонгорија и Гордон Ремзи, меѓу другите.

„Пријателството никогаш не завршува“, гласи натписот до заедничка фотографија објавена на „Инстаграм“ страницата на „Спајсиците“.

Инаку, годинава се навршуваат и 30 години од основањето на „Спајс грлс“. Составот првично постоеше од 1994. до 2000 година, но имаше повторни собири и за неколку посебни поводи потоа. Тие се собраа и на затворањето на Олимписките игри во Лондон, 2012 година.

Бонмати и Ѓоковиќ добитници на спортските оскари за 2023

Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус, таканаречените Оскари за најдобра спортистка и спортист во 2023 година.

Минатата година Бонмати беше избрана за најдобар играч во изборот на ФИФА, а беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство на кое Шпанија ја освои шампионската титула.

Новак Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четирите грен - слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на четвртиот (Вимблдон).

Спортистите за наградата Лауреус се номинирани од претставници на светските медиуми, а победниците ги избираат 69 членови на Светската спортска академија Лауреус. Наградата е основана во 2000 година.

Добитници на наградата Лауреус за 2023 година:

Спортистка на годината: Аитана Бонмати

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ

Тим на годината: Шпанска женска фудбалска репрезентација

Најголем напредок: Џуд Белингем

Повратничка на годината: Симон Белс

Најдобра спортистка со попреченост: Диде де Грот

Спортистка на година во акциски спортови: Ариса Трев

Награда за хуманитарна работа: Фондација Рафа Надал. /МИА

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

притисни ентер