Британски пејач уапсен во Париз додека купувал дрога на улица

Британската поп ѕвезда Пет Доерти денеска бил уапсен во Париз , откако полицијата го фатила како на улица купува кокаин.

Париската полиција соопшти дека фронтменот на групата The Libertines бил под влијание на акохол и дрога во моментот на апсење.

„Осомничениот е уапсен во округот Пигал и носел два грама кокаин“, изјавил анонимен извор.

Областа Пигал во Париз е позната по нелегалната трговија со дрога, а познато е дека таму може да се купат два грама кокаин за околу 250 фунти, пишува Дејли Меил.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

📹 @barnaby_fairley

A post shared by Peter Doherty (@peterdohertyofficial) on

Поседувањето кокаин во Франција се казнува до една година затвор, со дополнителна парична казна.

Доерти е одамна познат по неговиот проблематичен живот и турбулентните врски со супермоделот Кејт Мос и пејачката Ејми Вајнхаус, и ова не е прв пат да биде уапсен за дрога.

Пејачот при претходните апсења се има изјаснето за виновен за поседување кокаин, хероин, канабис и кетамин.

притисни ентер