Вози теренец на Тојота и со брзина од 100км/час , префрла во рикверц (ВИДЕО)

Познато е дека автомобилот може трајно да се оштети , доколку се префрли во рикверц додека возилото се движи напред.

За да ја испробаат магијата на автоматскиот менувач, Русите каналот Garage54 мораа да излезат надвор од границите на домашната автомобилска индустрија. Наместо нивната омилена Лада, тие за тестирање ја избраа популарната Toyota SUV, десетгодишната RAVА4.

Втората генерација на популарниот модел на Тојота се однесуваше доста убедливо сè додека менувачот беше заштитен од армија сензори. Системот го препознава лостот како грешка и не дозволи таков пренос на менувачот. Меѓутоа, кога сензорите се  исклучија, работите станаа многу поинтересни, но исто така и поопасни.

Фото: Најубавата кошаркарка на светот

Јелена Тодоровиќ од Србија е најубавата кошарарка на светото според неколку портали од Балканот.

Убавата Јелена на тој начин стана наследничка на Хрватката Антониа Мишура која неколку години  ја носеше титулата најубава светска кошаркарка.

-Пред неколку дена седев дома и гледав филм кога одеднаш телефонот почна да ми ѕвони нон-стоп. Сите ми испраѓаа пораки и ми честитаа на некоја „победа“. Мене ништо не ми беше јасно, па прочитав дека сте ме прогласиле за најубава кошаркарка. Ви благодарам на тоа. Прво ми беше смешно, поради тоа што јас себеси не се гледам така. Секогаш играв баскет на улица и бев една од „момчињата“. Мислам дека на теренот тоа не е важно, но секогаш го добивам тоа екстра внимание, изјавила Тодоровиќ за српските медиуми.

Откако јавноста ја откри убавата Јелена, нејзината популарност на социјалните мрежи значително се зголеми.

Жена осум години добива цвеќе од починатиот сопруг за „Св. Валентин“

Маж од Кенија пред својата смрт обезбедил неговата сопруга да добива цвеќе за секој Св. Валентин, засега се ова трае цели 8 години, пренесе СНН.

Сопругата на Рич Кокс веќе осум години добива букет за својот роденден и за Валентинови, празник кој  е еден ден подоцна.

Кога Трејси прв пат добила цвеќе, година дена по смртта на Рич била шокирана од чинот на својот сопруг.

-Беше многу емоционално. Бев тажна, но и среќна во исто време бидејќи знам дека тој секогаш ќе биде со мене, изјавила Трејси за СНН.

Трејси добива букет цвеќе од 2013 годинасо порака која не се менува.

-Иако не ме гледаш, Трејси, јас секогаш сум тука. Те сакам Рич, пишува во пораката. Инаку Рич и Трејси, пред тој да ја загуби битката со ракот на грлото на 53 годишна возраст, биле заедно цели 26 години,

Видео: Рекорден бакнеж од 112 минути!!

Во Врњачка Бања во Србија по единаесетти пат бил организиран натпревар во најдолг бакнеж.

Десет вљубени двојки од сите делови на Србија со долги бакнежи ја слевеле љубовта.

Победничкиот бакнеж на Ирена и Ѓорѓе Божиќ од Крушевац траел неверојатни 112 минути.

За оваа двојка ова е петтата победа на натпреварувањето во нивното седмо учество.

Најстарите натпреварувачи на оваа интересна манифестација имале по 75 години.

притисни ентер