Босански политичар исфрлен од партијата , зашто објавувал порно слики и видеа

Поранешниот прв човек на партијата на Изетбеговиќ во Бихаќ, Партија за демократска акција и актуелен претседател на собранието на Унско – санскиот кантон, Аган Буниќ е главна тема на порно скандал.

Тој е исклучен од партијата зашто на порно канал објавувал видеа и фотографии од себе како се задоволува. Иако бил познат по редица други скандали , како вработување на 50 тина свои роднини во управата на кантонот , меѓу кои и љубовниците на своите пријатели , сепак по овој скандал јавноста бара и да си поднесе оставка од функцијата, а не само од партијата.

На прес конференцијата тој ништо не демантираше , туку го обвини врвот на партијата дека го приморува во коалиција со лабуристите.

Од партијата тврдат дека единствена причина е скандалот со порно страницата за возрасни на која Буниќ дури и се потпишал со своето име и презиме , позирал сосема гол на фотографии , а под наслов ,,Претседателот на собранието Аган Буниќ во акција “ е објавено и видеото.

Тој и претходно бил познат по слично однесување , зашто на жените и девојките им праќал фотографии и видеа со порно содржина, по што медиумите го нарекоа ,,морално дезориентиран”.

притисни ентер