Позната е внатрешноста на првиот СУВ на Астон , се знае и премиерата и цената

Астон Мартин ја откри внатрешноста на своето прво спортско урбано возило , се знае и датумиот на премиерата , како и почетната цена.

На целосното откривање сепак ќе треба да се почека. Гајдон ја најави премиерата на 20 ноември, истиот ден кога Ауди ќе го лансира новиот РС Q8. Малку е чудно , но премиерата ќе се случи во Пекинг.

Засега, Астон ја открива само силуетата на надворешноста, но и целосниот изглед во кабината. Интерфејсот е ориентиран кон возачот, а инфозабавата е позајмена од Мерцедес.

Она што се гледа во кабината на новиот теренец е дел од цената за која европскиот купувач ќе треба да даде најмалку 193.500 евра ,а Американците „само“ 189.900 долари.

Најголем број од Ирците сакаат да работат од дома и по пандемијата

Повеќе од 80 проценти од вработените во Ирска сакаат да продолжат да работат од дома барем дел од неделата откако животот ќе се врати во нормала по пандемија на коронавирус, покажало истражувањето објавено денеска.

Како и многу работници во Европа, Ирците беа принудени да работат од дома во март кога беше прогласена пандемија на коронавирус и земјата се затвори.

Препораката на владата и натаму е да продолжат да работат од дома каде што е можно, бидејќи земјата се подготвува да ги укине и последните ограничувања.

24 проценти од нив сакаат да продолжат да работат од дома два до три дена неделно откако животот ќе се врати во нормала, според истражувањето на AIB/Amarach на 1.000 возрасни испитаници во текот на изминатите четири недели.

Оние што сакаат да работат еден до два дена од дома, а остатокот од неделата во канцеларија е 20 проценти. Исто така, 20 проценти од нив сакаат да продолжат да работат три до четири дена од дома, а 14 проценти од испитаниците рекле дека би отишле во канцеларија во текот на неделата само во случај на потреба.

Останатите 15 проценти претпочитаат да се вратат во канцеларија. Новата ирска влада вети дека ќе преземе мерки за трајно зголемување на бројот на оние мкои работат од дома, вклучително и даночни олеснувања за нив.

Притоа, се обидуваат да промовираат подобар баланс помеѓу работата и животот, поголемо учество на жените, поголем регионален баланс и да одговори на климатските промени со намалување на патувањата до работните места.

Германскиот министер за здравство тврди дека може да се спречи вториот бран на корона

Германија може да го спречи вториот бран на коронавирус наесен ако луѓето останат внимателни, особено за време на летните одмори, изјави денеска министерот за здравство Јенс Спан.

Спан на прес-конференција изјави дека е важно да се биде претпазлив на патувањата во странство и дека е загрижен за фотографиите од забавите за викенд во Мајорка каде се игнорираат правилата за физичка оддалеченост.

„Јас разбирам нетрпеливост, но на забавите ризикот од инфекција е особено голем“, рече Спан.

"Затоа треба да спречиме инфекции, особено сега за време на одморите. Не мора автоматски да очекуваме втор бран наесен и зима. Заедно, како општество, можеме да го спречиме, како што сме правеле порано - со кршење на бранот и контролирање на пандемијата".

Тој додаде дека над 15,5 милиони луѓе ја инсталирале апликацијата за следење на инфекцијата и дека 500.000 луѓе биле тестирани за коронавирус во Германија минатата недела, најмногу од кога започнала кризата.

Нешто помалку од 500.000 заразени и 9000 смртни случаи се регистрирани во Германија.

„Зелена лупа" поднесе иницијатива за одговорност на тројца судии од Апелацискиот суд

Здружението „Зелена лупа" до Републичкиот Судски совет денеска поднесе три иницијативи за покренување постапка за одговорност на судии од Апелацискиот суд за неодговорно и несовесно работење.

Овие иницијативи се однесуваат на судиите од Апелацискиот суд, поточно на Гордана Ѓорчева како претседател на Советот на Апелација и Радица Василевска и Фатмир Скендер како членови на Советот.

Според извршниот директор на здружението, Васко Тодорвски, овие судии со прекршување на законот и на своите службени овластувања нанеле голема штета на доверители, со тоа што истите не го почитувале Законот за спорт, не го почитувале Законот за извршување како и Законот за трговски друштва, а со своите незаконити влијанија нанеле голема штета и на одредана група на доверители врзани од Законот за спорт.

-Конкретно овој предмет се однесува на случајот на фудбалерот Срѓан Захариевски против фудбалскиот клуб „Силекс" – Кратово. Се работи за оштета од 300 илјади евра каде што фудбалерот со договор потпишан од Клубот за направен трансфер не можел да ги добие овие средства а истите ги искористил фудбалскиот клуб „Силекс". Ова е само еден случај, вакви случаеви има во повеќе клубови во фудбалскиот клуб „Вардар", во кошаркарскиот клуб МЗТ, и во многу други клубови, истакна Тодоровски на денешната прес-конференција.

Тодоровски рече дека неправдата во судството што го нападна нашиот правосуден систем, единствено може да се искорени со разрешување на судии. Со самото разрешување на судии, појаснува, треба да дојде до прочистување на судството од судии кои не работат согласно законот и кои отстапуваат од свои службени овластувања.

Покрај поднесувањето на овие иницијативи до Судскиот совет, здружението „Зелена лупа" информира дека ќе поднесе и кривични пријави до Основното јавно обвинителство, бидејќи според Здружението, овие судии искористувајќи ја службената положба и овластување на сопствениците на спортските клубови им овозможиле материјални добра со незаконско избегнување на постоечките обврски на штета на доверителите.

-Се работи за случај каде што со Законот од 2011 год беа изневерени повеќе доверители. Тогашната влада им овозможи на свои блиски бизнисмени да се стекнат со право на сопственост на клубовите кои се трансформираа во акционерски друштва без да вложат ниту еден денар притоа да користат средства од друг Закон кој што е врзан за спонзорирање и со тоа да нанесат штета на голем број на спортисти од фудал, ракомет, кошарка. „Зелена лупа" има добиено и поднесоци од уште триесетина други предмети на оштетени страни каде се работи за кривични и за граѓански предмети, додаде Тодоровски.

Тој појаснува дека во овие предмети се сомнева дека судиите кои постапувале предметите им биле дадени на рака со намера да судат тенденциозно во штета на доверители.

Во минатото, од поднесените иницијативи на Здружението, биле разрешени тројца судии од Врховен суд, меѓу кои и поранешниот претседател Врховен суд, Јово Вангеловски како и судиите од Врховен суд Рахилка Стојковска и Ристо Катавеновски./МИА

притисни ентер