Десет години затвор за еден од напаѓачите над Озил и Колашинац (ВИДЕО)

Мајката на денеска осудениот напаѓач над фудбалерите Масут Озил и Сеад Колашинац , одела по турскиот напаѓач и во солзи го молела за милост.

Нападот на крадец со нож врз Сеад Колашинац, Месут Озил и неговата сопруга одекнаа во светската јавност пред два месеци. Крадците сакале да му го украдат часовникот на Колашинац под закана со нож, а во меѓувреме, дошол случајно Озил со сопругата со автомобил. Репрезентативецот на БиХ не го дал часовникот, туку се обиде да избега со Озил во неговиот автомобил. Напаѓачите ги следеле со мопеди, па во еден момент Колашинац излегол од возилото и ги бркал напаѓачите.

Денеска е изречена казна за еден од напаѓачите. Ешли Смит (30) е осуден на десет години затвор.

Смит и неговиот партнер Џордан Нортовер се обидоа да ги ограбат sвездите Озил и Колашинац на крајот на јули.

Крадците користеле украден мопед, имале кациги и темна облека за да ги сокријат своите идентитети, но на крајот биле уапсени.

притисни ентер