Општина Чаир се збратимува со американскиот град Стаунтон

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу објави дека општината се збратимува со американскиот град Стаунтон во државата Вирџинија.

На посебна седница на Собранието на Стаунтон организирана во чест на посетата на градоначалникот Ганиу, усвоена е резолуција за официјално започнување на соработката на двете општини.

– Делегацијата која ја предводеше градоначалникот на Општина Чаир го одбра градот Стаунтон бидејќи тоа е родното место на претседателот Вудроу Вилсон, еден од најзначајните личности на американската политика кој се бореше за правата на помалите држави на Балканот, се вели во соопштението од општина Чаир.

Оттаму информираат дека делегација на Стаунтон на 21 овој месец ќе ја посети општина Чаир и ќе биде поставена статуа на претседателот Вилсон во знак на благодарност и почит кон неговата личност и дело. 

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер