Мурињо сака во Баерн , но само под еден услов

Откако го отпушти Нико Ковач , минхенски Баерн и натаму е без постојан тренер. Управата вели дека не се брзаат со изборот на нов тренер , но тој мора да биде име со углед и да го врати клубот во старите славни времиња.

Се спомнуваа многу одлични тренерски имиња, Венгер, Тен Хаг на Ајакс, Масимилијано Алегри, но се чини дека Жозе Мурињо е најблиску до изборот.

Контроверзниот Португалец призна во претходните изјави дека сака да работи во Бундеслигата и дека веќе започнал да го учи јазикот. Германските медиуми јавуваат дека тој објавил дека сака да замине во Баерн, но им ставил услов на Баварците без кои не би се согласил на договорот.

Поточно, „Специјалниот“ сака договор за три зсезони бидејќи верува дека треба доста време за реконструкцијата што ја планира. Клубот би го превземал кон средината на овој месец и со тоа ќе биде подготвен за зимскиот рок.

Мурињо водеше голем број одлични екипи во својата кариера. Преку големиот Порто, до Интер, потоа во Челзи, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Тој има освоено бројни трофеи и ја освои Лигата на шампионите во два наврати: 2003 (Порто) и 2010 (Интер).

УФЦ борец ја покажа ужасната повреда (Вознемирувачко видео)

УФЦ борецот, Џејмс Краузе, на „Fight Night “ во Сао Паоло ја постигна својата шеста победа .

Краузе го победи Серџи Мораес на UFC Fight Nightu 164.

По борбата, се дозна дека Краузе последните две рунди се борел со непријатна повреда на прстите на ногата. Во еден момент, ногата на Краузе му се заплетка во затворениот простор на борбеното поле , така што си ги повреди прстите.

"Еве нешто ново за мене. Четири шевови на прстот на ногата. Во првиот круг, додека запрев едно удирање, прстите ми се заглавија во оградата на кафезот и ми се отвори раната. По 13 години во еден од моите најголеми стравови стана  реалност “, напиша Краузе на Инстаграм, каде објавивидео од третманот на повредената нога.

Црногорска фудбалска легенда банкротира: Должи милиони , запленет му е имотот

Црногорскиот фудбалер, Мирко Вучиниќ се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност, но не заради нешто што го постигна на фудбалски терен.

Италијанските медиуми денеска објавија дека Вучиниќ е во голема неволја. Даночната администрација на Италија покренала истрага против Вучиниќ, кој е осомничен за затајување данок во вредност од 5,8 милиони евра. Тој е обвинет за не пријавување на заработката што ја добил играјќи за Ал-Џезаира.

Според „La Gazzetta dello Sport“, тој морал да плати данок кога играл во Обединетите Арапски Емирати, со краен долг од дури 5,8 милиони евра.

Римскиот суд го прифати барањето на тужителот и му го одзеде имотот на поранешниот играч по истата вредност сè додека не заврши судскиот процес.

Вучиниќ најголемиот дел од кариерата го помина во Италија, настапувајќи за Лече, Рома и Јувентус. Тој ја заврши кариерата пред две години, откако играше во дресот на Ал-Џезаира во Обединетите Арапски Емирати.

Романо : Мурињо е фаворит за нов тренер на Тотенхем

Маурицио Покетино веќе не е менаџер на Тотенхем . Аргентинецот беше со Спурсите од 2014 година.

По феноменалната ланска сезона, во која Тотенхем играше во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, тој направи ужасен потег и ја плати цената. Во Премиер лигата, Спурси се само 14-ти.

„Се двоумевме да ја донесеме оваа одлука“, изјави Даниел Леви, шеф на Спурсите.

„Ова не е одлука што управата ја донесе набрзина и лесно. За жал, резултатите во домашната лига на крајот на минатата година и почетокот на оваа сезона беа крајно разочарувачки“, заклучи тој.

Веќе се зборува за можен наследник на Покетино, при што италијанскиот специјалист за трансфери, Фабрицио Романо, тврди дека Мурињо е фаворит. Истиот човек додава дека Масимилијано Алегри не е еден од кандидатите.

Португалецот е без работа речиси една година, откако беше отпуштен поради лошиот настап во Манчестер Јунајтед. Оттогаш, тој најмногу работи како студиски аналитичар на различни телевизиски станици, коментирајќи ја Премиерлигата за Sky Sports оваа сезона.

притисни ентер