Австрискиот суд ослободи руски дипломат со кауција од 25 000 евра

Регионален кривичен суд во Виена го ослободи поранешниот руски претставник на Министерството за култура, Борис Маза со кауција од 25.000 евра и  му забрани да ја напушти Австрија.

„Лицето за кое станува збор беше ослободено со кауција од 25.000 евра и му беше забрането да ја напушти Австрија. Тој мора да остане на адресата во Виена каде што е регистриран и, доколку е потребно, да се појави на суд“, рече неименуван извор за руската агенција ТАСС.

Извор во канцеларијата на обвинителството во Виена потврди вчера за агенцијата дека Австрија уапсила поранешен руски службеник на барање на Шпанија.

Шпанската полиција претходно објави дека поранешен службеник на Министерството за култура на Русија е уапсен во Австрија, додека неговата поранешна сопруга и син, двајцата руски државјани, биле уапсени во Шпанија.

Шпанските власти ги сомничат за перење пари.

Заев: Коалицијата Можеме е победник на овие избори!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето рече дека коалицијата Можеме е победник на предвремените парламентарни избори со најмалку три пратеника предност пред ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека коалицијата има сигурна и стабилна предност од најмалку тројц апратеници , со мошност за добивање уште двајца или тројца.

,,Со оваа ваша поддршка не обврзувате на одговорност, но може да работиме уште повеќе и уште подобро" , рече Заев .

ДИК: СДСМ 36,13%, ВМРО-ДПМНЕ 34,65%, ДУИ 11,57%, АА и А 8,79%

Од преброени гласови 96,93 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,13 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,65.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,57, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, информира пред малку на прес конференција портпаролот на ДИК , Адмир Шабани.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за формирање на нова влада

Народот покажа дека народот не сака криминална и коруптивна власт, рече генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .

притисни ентер