Лејди Гага конечно го објасни занесот со Бредли Купер на Оскарите

Девет месеци по нивниот заедничкои настап на Оскарите по што го убедија светот дека меѓу нив има повеќе од пријателство, Лејди Гага зборуваше за Бредли Купер и за она што тие го изведоа на сцената.

Откако го испеаја хитот Shallow заедно, нежно гледајќи се и допирајќи се, Гага и Бредли завршија на насловните страници на сите медиуми во светот.

Лејди Гага вели дека тие само сакале да привлечат внимание за филмот.

"Направивме љубовна приказна. За мене, како изведувач и како актерка, секако сакавме луѓето да веруваат дека сме заљубени. И, сакавме луѓето да ја почувствуваат таа љубов на доделувањето на Оскарите", вели Гага.

"Сакавме тоа чувство да помине директно преку камерата и да се види на секој телевизор. И, работевме напорно, работевме со денови. Копиравме сè и го направивме настапот како претстава", заклучи пејачката, која смета таа вечер заедно направиле одлична работа.

притисни ентер