СОНК и МОН се договорија: Десет проценти за наставниците од први јануари

10% покачување на платите на просветарите од јануари, е компромисот, кој денеска го постигнаа СОНК и МОН.

Според претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков, кој вчера соопшти дека генералниот штрајк е ставен во мирување, се воделе мачни преговори, но додаде дека во иднина ќе продолжат со барањата за повисоки примања.

Според министерот за образование Арбер Адеми најновото покачување на платите за кадарот во основното, средното и високото образование ќе претставува дополнителна мотивација за просветарите. Тој потенцираше дека властите успеале да обезбедат дополнителни 22 милиони евра за повисоки плати од јануари, а не од април.

Додека траеја преговорите, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека претседателот на партијата, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со Неделков. Првиот човек на Синдикатот вели дека оваа информација за првпат ја слуша од медиумите. Од партијата го тврдат спротивното.

Инаку, синдикалците бараа повисоко од 10% зголемување од јануари, а властите попуштија единствено во тајмигот на засметувањето на поголемата плата.

притисни ентер