Морнари се забавуваа со разигран кит (ВИДЕО)

Член на екипажот на брод на Арктикот објави снимка од средба со кит белуга снимена во близина на Северниот Пол.

Симпатичното и пријателско однесување на китот ги изненади и развесели членовите на екипажот, при што камерата сними како еден од нив му фрла рагби топка, а китот сигурно ја враќа.

Видеото беше објавено на Фејсбук од Алон Коуен, и за неколку дена собра 1,4 милиони прегледи и беше споделено 47.000 пати.

притисни ентер