Жена што го преживеала Аушвиц добива по 200 заканувачки пораки дневно , ја чуваат специјалци

89- годишна старица , која го преживеала нацистичкиот логор Аушвиц сега е под полициска заштита , откако почнала да прима по 200 заканувачки пораки дневно.

Лилјана Сегре, која имала само 13 години кога била депортирана во Аушвиц, е доживотен сенатор, кој го водеше создавањето на италијанскиот парламентарен комитет против омраза, расизам и антисемитизам, локално позната како Комисијата на Сегре, пренесува Си-Ен-Ен.

Неодамна, околу 200 закани или агресивни вербални пораки почна да и стигнуваат преку социјалните мрежи, соопшти The Centro di Documentazione Ebraica Contemporanea (ЦДЕК), со седиште во Милано, Италија.

„Секојпат кога угледни Евреи се во центарот на вниманието во Италија, тие подлежат на антисемитски напади во социјалните медиуми“, рече Стефано Гати од ЦДЕК.

Лилиана Сегре ја чуваат двајца полицајци, откако екстремно десничарските членови на партијата Форца Нуова во вторникот поставија транспарент во Милано. Сегре таму присуствуваше на настан.

Предлогот за таканаречена комисија Сегре беше одобрен минатата недела, без поддршка од десничарските опозициски партии.

„Радикалната десница се чувствува посилна и се здобива со легитимитет, така станува поактивна“, рече Гати.

„Пред дваесет години, не смееше да се шетате низ град викајќи„ Вива ил Дуче “.

Лилјана Сегре е едно од 25 деца под 14 години кои ја преживеале депортација во Аушвиц. Подоцна била пренесена во логорот Малчов , од каде што била ослободена на 1 мај 1945 година.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер