Пендаровски се обрати на отворањето на 40. издание на Макинова и 17. издание на Еконова

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, се обрати на отворањето на 40. издание на Макинова и на 17. издание на Еконова, што од 8 до 10 ноември се одржува во Скопје.

Двете манифестации се под покровителство на Претседателот на Република Македонија.

-Ми претставува особена чест да бидам покровител на јубилејното 40. издание на Макинова и на 17. издание на Еконова. Пред сè, би сакал да ја искажам својата благодарност до пронаоѓачите кои изложуваат на Макинова и на Еконова и чии дела сведочат за нивната креативност, знаење, вештини и макотрпна и креативна работа. Верувам дека треба систематски да се работи за нивниот број да биде сè поголем и поголем. Особено сме почестени што и годинава традиционално имаме и гости изложувачи од странство, што на манифестацијата и дава меѓународен карактер и несомнено придонесува за нејзиниот квалитет. Секако не може, а да не се одбележи и бројното присуство на млади пронаоѓачи. Несомнено, тие се иднината на нашето иноваторство и во нив мораме да вложуваме и да им помогнеме да се надградуваат и да се усовршуваат. Влогот во нив, всушност претставува влог во нашата иднина.

Веќе 17 години паралелно со Макинова егзистира и Еконова. Периодов кога се соочуваме со зголемено аерозагадување нè потсетува дека треба посебно внимание да се посвети токму на пронајдоци и идеи чија цел е подобрување и заштита на животната средина. Инвестирањето во овие пронајдоци може да придонесе за поздрава животна средина и подобар живот за сите нас.

Секое одговорно општество ги стимулира пронаоѓачите и ја цени нивната улога во научниот, техничкиот и економскиот развој. Човечкиот потенцијал може да биде пресуден за нашиот развој имајќи ги предвид лимитираните ресурси и географската местоположба. Она што е битно е сите оние кои имаат потенцијал и креативност да дојдат до услови за понатамошно усовршување и развој.

Од интерес на нашата држава е македонските пронаоѓачи да го најдат своето место во нашите научни и образовни институции, во стопанските субјекти и активно да придонесуваат за добросостојбата на својата татковина.

На крајот, на ова кратко обраќање, би сакал да се заблагодарам на организаторите, Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија ‒ СПАТУМ и Народна техника на Македонија и да посакам успешно одвивање на Макинова и Еконова 2019, рече Пендаровски.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер