Жена загина во големите поплави во Британија , населението се евакуира (ВИДЕО)

Во Британија денеска се издадени над 100 предупредувања поради поплавите , а на жителите на северот на Англија им е препорачанбо да се евакуираат, откако во помалку од 24 часа наврна месечно количество дожд.

До сега во поплавите има потврдена една жртва, жена чие тело е извлечено од водите на реката Дарли.

Најголемата загриженост е за домовите во областите во близина на Донкастер, каде властите соопштија дека дождот предизвикал големи поплави бидејќи нивото на водата достигнало рекордно ниво и претставува закана за живот.

Десетици луѓе останаа заглавени  во еден трговски центар во Шефилд, а стотина луѓе беа спасени од пожарникарите во гумени чамци од друг трговски центар во близината.

Иако повеќето од силните поплави ја зафатија централна и северна Англија, имаше повеќе од стотици други предупредувања низ целата земја. Поројниот дожд предизвика поплавување и проблеми во патничкиот и железничкиот сообраќај во делови на Англија.

притисни ентер