Јапонската амбасадорка г-ѓа Ханеда во посета на Канал 5 ТВ

Менаџментот на Канал 5 ТВ денес оствари средба со јапонската амбасадорка, на која се разгледуваа детали за идна соработка

Во разговорот со г-ѓа Ханеда констатиравме дека македонската публика има потреба да запознае и други култури преку ТВ програмите, а една од најинтересните е дефинитивно и јапонската култура.

Истовремено , менаџментот на Канал 5 ТВ високо го оцени ангажманот на амбасадорката во сите полиња на општественото живеење во Македонија, со што постојано се потврдува пријателството меѓу  Јапонија и нашата земја.

Канал 5  наскоро на своите гледачи ќе им понуди и ТВ програма која доаѓа од оваа азиска земја.

притисни ентер