Пуштен во употреба реконструираниот објект на Спомен костурницата во Неготино

Проектот е вреден 7,2 милиони денари.

Градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Марко Колев и голем број гости од градот, земјава и странство, денеска присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот објект на Спомен костурницата.

– Реализацијата на овој проект е пример како еден градоначалник ги реализира проектите од својата програма и од еден руиниран и запуштен простор, се успеа да се изгради пријатно катче за сите граѓани на Општина Неготино, рече министерот Милевски.

Проектот е вреден 7,2 милиони денари, со подеднакво учество на Ппштина Неготино и Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој.

Градоначалникот Делков истакна дека со проектот се изведени скали, изградена е и ставена во функција фонтана, паркинг-простор, пешачки и трим патеки, летна сцена, поставена е електрика и водовод, а целиот простор е хортикултурно уреден.

Воедно, упати јавна покана до граѓаните на Општина Неготино да повелат и да го посетат овој простор каде што можат да минуваат дел од своето слободно време. Тој упати и апел за внимателно однесување, за да не дојде до оштетувања на целиот простор на реконструираната Спомен костурница./МИА

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер