Како изборите ќе влијаат врз економијата?

Честите избори ја забавуваат економијата и ги кочат инвестициите, велат од бизнис секторот. 

Претседателката на ССК Данела Арсовска, вели дека за некакво придвижување – економијата ќе треба да почека дури до втората половина на наредната година. Кај крупните проекти кои се реализираат на подолг рок, веќе се забележува застој.

„Со самата најава за избори компаниите почнаа резервирано да гледаат на сите проекти, со самото тоа што ќе бидеме во исчекување на формирање на нова влада, сето она што беше планирано за првите 6 месеци од 2020та дефинитивно ќе биде во застој,“ изјави Данела Арсовска, претседател на ССК .

Според неа – проектираниот економски раст е тешко остварлив. Очекува капиталните инвестиции во буџетот за наредната година, да бидат проектирани на реално ниво за да можат да се реализираат.

Дека изборите ќе ја забават економијата, вчера константираа и од НБРМ. Сепак според нив ефектите би биле краткотрајни. Очекуваат  раст од 3,5% оваа и 3,8% наредната година. 

притисни ентер