Кривична за струмичанец за палење паркиран автомобил

Секторот за внатрешни работи Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против К.Ј (26) од село Рич, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност", соопштија од струмичката полиција.

Во соопштението е наведено дека пријавениот на 5 ноември годинава, околу 00:01 часот, движејќи се пеш по улица „Панче Пешев" во Струмица, во паркирано незаклучено патничко моторно возило предизвикал пожар, по што побегнал од местото на настанот. Пожарот бил изгаснат со интервенција на ТППЕ Струмица.

Истиот ден пријавениот бил забележан од полициски службеници и бил лишен од слобода.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица подготвена е кривична пријава и доставена е во ОЈО-Струмица./МИА

Берлин и Париз напуштија преговори за СЗО поради САД

Германија и Франција ги напуштија преговорите за реформата на Светската здравствена организација , фрустрирани од обидите на САД да ги водат преговорите, иако Вашингтон одлучи да ја напушти таа организација.

Нивниот потег е удар за американскиот претседател Доналд Трамп затоа што вашингтон, кој моментно е претседател на Г 7, се надеваше дека ќе објави план за сеопфатна реформа на СЗО во јуни, два месеца пред претседателските избори во САД.

Никој не сака да биде вклучен во реформскиот процес и да добие нацрт од земја што штотуку ја напушти СЗО“, вели висок европски функционер што учествува во преговорите.на прашањето за потврда на одлуката на Париз и Берлин, портпаролите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија немаа коментари.

Сепак, француското министерство за здравство објави дека САД не треба да бидат лидер во реформата на СЗО, бидејќи тие имаат намера да ја напуштат таа организација.

УХМР: Попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи и за денеска попладне најавува можност за невреме во Скопје и низ Македонија со пороен дожд и услови за појава на град.

Туристичките работници најавуваат нови протести и блокада на патиштата

Итна помош од државата, бараат туристичките работници. Во спротивно се закануваат со нови протести и блокада на патиштата. 

Вработените во еден од најпогодените сектори од коронакризата бараат најдоцна до 15 август да се пронајде решение за проблемите со кои се соочуваат. Бараат да се зголеми капацитетот на патници во автобусите, кој сега изнесува педесет проценти, но и да продолжи мерката за субвенционирање на платите во овој сектор, а тука покрај превозниците, спаѓаат и туристичките агенции и водичите.

-Прво одлуката беше дека од месец за месец ќе се поднесува за плата, за жал, јули месец помина, а нашиот промет во јули месец, на сите туристички агенции, превозници е незначителен, немавме доволно средства да ги пуштиме платите на вработените, а во овој момент немавни можност да поднесуваме за плата да ни се одобри за месец јули, изјави Ана Марија Алексова – туристички работник.

Алексова вели дека им била ветувана помош по завршувањето на изборите, но, посочуваат дека сега чекаат да се формира Влада. Вели препораките од здравствените власти до граѓаните да не се патува надвор од државата дополнително ја отежнала нивната работа.

-Имаме единствено аранжмани во Турција, Албанија и чартери за Египет. Ние се трудиме барем тоа да го продадеме, сите агенции заеднички во државава и да обезбедиме некако некои средства и сега ти ја слушаш таа препорака, која ги одвраќа дури најхрабрите кои што сакаат да патуваат. Извинете, седете не треба да се патува, не ви препорачуваме. Тоа е најголемиот револт што се појави кај нас, вели Ана Марија Алексова – туристички работник.

Работниците од туризмот веќе имаа мирен протест на 29 минатиот месец, во Скопје. Тогаш побараа помош, предупредувајќи дека ако државата не реагира веднаш секторот ќе се соочи со колапс. Таквата ситуација ќе доведе 5000 семејства да немаат приходи, а исто толку лица ќе бидат додадени на списокот во Агенцијата за вработување.

притисни ентер