Во Женева средба на Заев и Димитров со Дендиас

Западен Балкан нема друга алтернатива, освен членството во ЕУ, е пораката што попладнево ја испратија лидерите на земјите од регионот во рамките на Светскиот економски форум во Женева. 

На заедничката пресконференција, премиерот Заев рече дека земјава, освен што е кандидат за членство 14 години, развива успешно мултиетничко општество и направила сериозни реформи, вклучувајќи ги и договорите со Грција и Бугарија. Верува дека во мај следната година, Македонија ќе добие позитивна одлука за преговори со Унијата. 

-Со двете одлуки на ЕУ, се отвораат многу можноси за создавање национализам, популизам и радикализам, што не е добро за регионот. Мислам дека во следната половина од годината, односно во првата половина од 2020 година, ќе биде многу добра за нас, бидејќи Хрватска ќе ја има можноста да го преземе претседавањето со ЕУ, што значи поголем фокус за целиот регион. Многу сум му благодарен за големата посветеност на Андреј кон оваа агенда. Треба да продолжиме со процесот на реформи и секако, да чекаме позитивна одлука на Самитот во Загреб., изјави Зоран Заев, претседател на Владата

Поддршка за евроинтеграциите на Македонија стигна и од шефот на грчката дипломатија Дендиас, кој на маргините на економскиот форум во Женева, се сретна со македонскиот колега Димитров. Грчкиот министер нагласил стабилната поддршка на Атина, потенцирајќи ја потребата за целосно спроведување на Договорот од Преспа. Димитров посочил дека очекува Грција да биде силен промотор на интеграцијата во земјава, а двајцата се согласиле дека треба да се интензивира соработката од заеднички интерес. Разговорот меѓу министрите следи пред најавената втора средба меѓу премиерите Заев и Мицотакис во четврток во Солун. Грчката влада минатата недела почна сериозни внатрешни консултации, по најавите на Заев дека делови од Преспанскиот договор, можат да останат во застој поради условеноста со преговарачките поглавја.

Бојко Борисов со закана до Македонија: Да заборавите дека Бугарија е фашистички окупатор!

Малку му беше ова, па дополни и дека не само што треба да заборавиме, туку и да почнеме да веруваме дека Бугарија не била на страната на фашизмот овде во Македонија во Втората светска војна!

Коментарите но и статусите на социјалните мрежи на интелектуалците во нашата земја, се во насока на „шок и неверување“.

Едноставно, никому не му е јасно до каде ќе оди ова недобрососедско однесување на официјална Софија, која почнува да ја „злопотребува“ нашата ЕУ и НАТО аспирација.

Претходно, властите во Бугарија усвоија декларација со која ни забрануваат нашиот , македонски јазик, да го именуваме како што е врпочем и кодифициран во ОН!

До каде ќе одат овие раскошни „добрососедки“ односи и пораки од официјална Софија?

Треба ли да крикнеме - аман  Бугарија, не не „брани“ повеќе ?

ВИДЕО: изјавата на Бојко Борисов
 

30 дена притвор за негувателката која претепа детенце во игротека (ВИДЕО)

Судот и одреди 30 дена притвор на негувателката која утрово претепа двегодишно дете во игротеката „Дежа ву“ во скопски Аеродром.

Жената попладнево била приведена и надлежен јавен обвинител, постапувајќи според член 201 од Законот за кривична постапка и одредил 30 дневен притвор. Мајката го однела детето на преглед во болница, а таму биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

Детето имало околу две години, а жената заедно со него чувала уште две деца. Трите деца и жената се од Аеродром. Приведена е околу 17:30 часот, а случајот го пријавил сопственикот на кафе барот и игротеката Дежаву, кој случајно ги прегледувал снимките од безбедносните камери.

Турција почна да ги враќа бегалците во Сирија на територијата на избрканите Курди

Турција објави денеска дека стотици раселени Сиријци за прв пат се вратиле во „безбедносната зона“ , област во северо-источна Сирија од која Анкара ја избрка курдската милиција поддржана од западните земји.

Скоро 200 луѓе, кои избегале на запад кон Сирија во област под турска контрола, „се вратиле во своите домови, доброволно и безбедно“, се наведува во изјавата на турското Министерство за одбрана.

Овие лица отишле на подрачјето меѓу сириските градови Тал Абџад и Рас ал-Аин, од каде Анкара ги избрка Курдите во борби со милицијата на Курдските народни сили за заштита (YPG) минатиот месец.

Областа, долга околу 140 км и со ширина од 30 км, Турција ја нарекува „безбедносна зона“.

Турското Министерство за одбрана додаде дека околу 300 дополнителни бегалци досега се преселиле во Тал Абџад од Џарабулус.

Турција ја прекина својата офанзива започната во октомври против КПГ, по склучувањето на двата договори со САД и со Русија, кои предвидуваат повлекување на КПГ од повеќето гранични позиции со Турција.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака да пресели 2 од повеќе од 3,5 милиони Сиријци кои избегаа во Турција од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година.

притисни ентер