Објавена студијата за проектот „хеликоптерска помош“

Центарот за обука на пилоти во Петровец ќе биде клучниот објект кој ќе го користат хеликоптерите за итна медицинска помош но и во случаи за потрага и спасување. 

Ова е наведено во Физибилити студијата која на 120 страници ја изработил  Национален центар за почисто производство и напредни менаџерски пристапи. Наспроти тврдењата на владиниот генерален секретар дека јавно-приватното партнерство со шведската Сархемс нема никаква врска со Центарот за обука на пилоти, физибилити студијата го покажува токму тоа.

-Оваа локација е соодветна со оглед дека во најголем дел екипажите и персоналот ќе бидат ангажирани од државните институции (МО и МВР) како екипажи кои имаат искуство за летање на територијата на РМ. Потврдено е дека овие капацитети ги задоволуваат потребите на ХЕМС и САР во Македонија за воспоставување на оперативен центар и одржување на хеликоптери.-Физибилити студија за хеликоптерката служба за итна медицинска помош HEMS & Sar за РМ.

Но наспроти тврдењето во студијата дека бројот 112 се користи како заеднички за полиција, брза помош и противпожарни служби веќе 7 години, тоа не е така. Единствениот европски број за итни повици според најавите во употреба треба да биде од следната година. 

Што се однесува до трошоците, еден хеликоптер чини од 10 до 15 милиони евра, но и платформите за слетување во градовите или надвор ќе чинат најмалку 2 милиони евра. –  платформи трошоци и хеликоптер.

Владиниот секретар но и во студијата стои дека проектот нема да биде на товар на државниот буџет. Шведската фирма ќе треба да инвестира 9 милиони евра годишно, во договор од најмалку 8 години. А откако ќе заврши, целиот проект и сите недвижности да останат во сопственост на државата, според проценките би требало да има вредност од 42 милиони евра.

ВМРО ДПМНЕ и денеска обвини дека се работи за коруптивен проект.

Колку фирмата партнер ќе заработи не се знае. Главните извори за финансирање на приватниот партнер ќе произлегуваат од таксите на скопскиот и охридскиот аеродром, процент од патарините и европски средства од „Еуроконтрол“. Во студијата пишува – овие приходи ќе помогнат да се покријат дел од трошоците за сервисирање на САР.

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер