Сексуалното образование ќе стартува во четири училишта

Тинејџерите се порано го имаат својот прв сексуален однос. 

Токму ова е главната причина зошто по примерот на Европските развиени земји е потребна сексуална едукација на младата популација. И невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика се на став дека децата треба да добијат соодветна сексуална едукација веќе во основно училиште.

Само на тој начин ќе знаат како да се заштитат себе и својот партнер од сексуално преносливи болести и несакана бременост.

Предавањата пробно ќе се воведат во четири училишта, а предметот ќе биде изборен, со обид да се опфатат сите етнички заедници, а предавања ќе се одржуваат во урбани и во рурални средини низ државата.

Предавањата треба да започнат веќе од следната година, од страна на професори кои ќе ја поминат соодветна обука.

Предвидено е да бидат опфатени сите аспекти на сексуално образование, децата ќе можат да научат како да се заштитат себеси, да избегнат несакана бременост, да се заштитат од сексуално насилство, па дури и да научат како да се носат со стереотипите кои се присутни во општеството.

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер