Една од три жени умира од кардиоваскуларни заболувања, се спроведува акција за превентивни прегледи

 Во пораст е бројот на жени, особено на помлада возраст, кои имаат кардиоваскуларни заболувања. Една од три жени умира од кардиоваскуларни заболувања.

Во насока на подигнување на свесноста за чести превентивни кардиоваскуларни прегледи и кардиоваскуларен скрининг се спроведува акцијата „Црвен аларм за женското срцево здравје" во рамки на која на Универзитетската клиника за кардиологија се вршат прегледи и од 15 прегледани жени една веднаш е задржана на Клиниката, а кај пет биле откриени висок притисок и зголемени маснотии во крвта.

Ова денеска на Клиниката за кардиологија го истакнаа сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска и директорот на таа јавна здравствена установа, Жан Зимбаков.

Ѓоргиевска денеска на Клиниката се вклучи во акцијата заедно со сопругите на амбасадорите на Катар, Бугарија, Унгарија, Украина, Италија, Нада ал Саади, Билјана Ангелова, Сузана Диксне, Наталија Задорожњук, Де Фуриа Ромео, како и сопругата на евроамбасадорот Самуел Жбогар, Маја Жбогар, на кои им беа извршени прегледи.

– Акцијата ќе трае до 1 февруари. Би сакала да апелирам жените на која било возраст да отидат во нивните семејни амбуланти и да извршат скрининг, односно проценка на ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања. За жал, иако сметаме дека карциномот на дојката е еден од најголемите убијци на жените, смртноста од кардиоваскуларни проблеми е драстично поголема. Ако смртноста од карцином на дојка е еден спрема 31, смртноста од кардиоваскуларните заболувања е еден спрема три. Затоа би ги замолила сите жени кои можат да отидат кај општите лекари, рече Ѓоргиевска.

Посочи дека во моментов акцијата се спроведува во регионот на Скопје и околината и ако се процени дека има потреба, таа може да се прошири во цела држава.

– Веќе има ефекти од кампањата. Досега се направени прегледи на 15 жени од кои кај една е најден голем ризичен фактор и е хоспитализирана, а дополнителните прегледи се закажани во наредните недели, додаде Ѓоргиевска.

Директорот на Клиниката, Зимбаков рече дека од 15-те млади жени на кои им се извршени прегледи кај пет се најдени мајорни ризик фактори со препорака за медикаментозен третман.

– Има голема заинтересираност, ќе ја продолжиме акцијата и со поконкретни резултати ќе излеземе по неколку месеци. Кардиоваскуларните заболувања се осум пати поголема причина за смртност кај женската популација отколку карциномот на дојка. Ја организиравме акцијата со цел да ја подигнеме свеста за кардиоваскуларните болести кај жените. Нашата препорака е физичка активност, намалување на телесната тежина, внесување соодветна исхрана…Еден од факторите за кардиоваскуларни заболувања е и стресот, додаде д-р Зимбаков.

Освен на Клиниката за кардиологија, прегледи и разговори за ризиците од ова заболување претходно беа извршени и во ПЗУ Вита Катерина во општината Сарај, која е вклучена во акцијата.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 %, поголема за 9% е во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер