„Само Интервју” вечерва со Оливер Спасовски

Вечерва во „Само Интервју“ гостува Оливер Спасовски.

Почитувани дами и господа, денеска за некого е причина за слава а за нас ден за уште една потрага по вистинските одговори на прашањата што никој неќе да ги чуе. А такви одговори ќе бараме и вечерва од нашиот гостин министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Прво избега Груевски а потоа и Спасов.

Министерот побара истрага а сега чека детали од неа.  Има ли полициска сила што ќе ги фати бегалците?  Со скинати униформи, износени чизми и несоодветна исхрана полицијата со години се бори за подобар статус. Дотогаш Спасовски бара чаре како да ја проветри од неподобните. Како до модерна и ефикасна македонска полиција? Криминалот постојано цвета разрешници се’ помалку има. Има ли јунак полициски што ќе се фати во костец со непослушните? Успешно се справуваше со мигрантската криза ама над глава се’ уште му стојат илјадници беглаци и трговци со луѓе од истокот.

Што им кажа а што му порачаа пријателите на Салцбуршкиот форум на Спасовски? После ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ селектираше ракометна легенда во тимот. Вистинска желба да се унапреди спортот или насушна потреба за изборни гласови? Со каква тактика ќе истрчаат на терен поранешните соиграчи сега лути партиски ривали? Ќе победи ли одбраната на ВМРО-ДПМНЕ или нападот на СДСМ? Дали близината со Заев или чесната партиска борба ќе го направат Спасовски технички премиер на предизборната влада?

На сите овие прашања и многу повеќе вечерва со нашиот Гоце Михајлоски ќе одговара министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ексклузивно и само на Канал 5, вечерва во 18 и 30 во „Само интервју“.

притисни ентер